Лорен Ко е уметница и дизајнерка, но и самоука пекарка која прави прекрасни пити. Но таа никогаш не продала ниту едно парче пита.
Интересно е тоа што Лорен започнала да ги прави овие пити од досада. Поточно, откако од Сан Диего се преселила во Сиетл, Вашингтон, додека во новата средина барала нова работа, вишокот на слободно време ја однел на Пинтерест. Таму нашла прекрасни пити испечени од други, и решила да проба да прави нешто слично, но го однела печењето пити на едно сосема ново ниво.
Нејзината шарена и весела геометриска уметност го воодушевила светот и нејзиниот Инстаграм го следат над 220.000 следбеници. Сето ова ја поттикнало на претприемништво. Лорен не отворила пекара, туку држи курсеви за дизајнирање на пити.
Нејзините креации можете да ги најдете на Инстаграм профилот @lokokitchen, а на видеото подолу можете да видите и како изгледа процесот на изработка на дел од овие пити. Лорен е и автор на најпродаваната книга за готвење, ПИЕОМЕТРИЈА.