Десет намирници за пушачи: полесно да дишат и помалку да кашлаат

Експертите идентификувале 10 намирници кои имаат корисен ефект врз белите дробови кои на некој начин ги „чистат“.

0
573

Пушачите се најчесто жртви на карцином на белите дробови и поради својата навика мораат да посветат поголемо внимание на нивното здравје, а има и одредени намирници кои можат да помогнат во „чистењето на белите дробови“ и да имаат корисен ефект врз овој важен орган.

Експертите идентификувале 10 намирници кои имаат корисен ефект врз белите дробови кои на некој начин ги „чистат“.

1. Грејпфрут

Конзумирањето од еден до четири грејпфрути неделно ја намалува можноста за рак на респираторниот систем.

2. Бразилски ореви

Богати се со селен и витамин Е и го намалуваат ризикот од рак на белите дробови.

3. Кромид

Антиоксидантите присутни во кромидот ги чистат белите дробови од токсините предизвикани од пушењето.

4. Вода

Пијте осум чаши вода на ден.

5. Сок од морков

Пијте 300 мл сок од морков додека појадувате. Сокот од морков помага да се алкализира организмот.

6. Ѓумбир

Ѓумбирот помага да се отстрани слузта што настанува со внесување на млечни производи, пченица и соја.

Исто така, содржи и антиоксиданти кои ќе ги елиминираат токсините предизвикани од пушењето.

7. Растителен чај

Чајот ќе ги стимулира цревата да се „ослободат“ од токсините.

8. Сок од брусница

Пијте 400 мл сок од брусница секој ден пред спиење. Овој сок ги елиминира бактериите во белите дробови кои предизвикуваат инфекции.

9. Сок од ананас

Пијте 300 мл цеден сок од ананас, бидејќи содржи антиоксиданти кои се корисни за нашиот респираторен систем.

10. Топла вода и лимон

Исцедете сок од два лимони во топла вода и испијте ги пред појадок.

Фото: Pixabey