Десерт за почетници

'Таканаречениот крамбл е одличен затоа што се прави за само половина час и затоа што може да го направи секој. Единствената маана му е што мора да се јаде веднаш...нема чување за утре затоа што утре веќе - не е тоа ТОА

0
1119

Состојки:

100 г брашно (ние ставивме брашно од спелта, а може да ставите и брашно од хељда или обично бело, по ваш избор)

150 г ситни овесни снегулки

150 г путер

50 г кафеав шеќер

1-2 лажици мед

300-400 г овошје (ние ставивме шумско овошје)

1/2 лажичка сода бикарбона

по желба: оревчиња и чоколадо за топење (она со 60% какао)

Приготвување:

Прво се става овошјето во тавата за печење и одозгора се расфрлаат парченца путер.

Се мешаат брашното, снегулките, шеќерот, путерот, содата и медот. Треба да се добие смеса во форма на трошки кои се ставаат врз овошјето. По желба се ставаат ореви и чоколадо.

Се пече најмногу половина час на 180 степени.

Се јаде веднаш.