Декларации на прехранбените производи – знаете ли да ги читате?

Состојките што се користат за правење на производот се наведени по количина - од највисоко до најниско. Ова значи дека првата состојка е онаа што производителот најмногу ја користел. Добро правило е да се обрне внимание на првите три состојки, бидејќи тие го сочинуваат најголемиот дел од она што го јадете.

0
490

Дали знаете да ги „читате“ декларациите на прехранбените производи? Дали знаевте дека ако на кутијата пишува дека храната е здрава и диетална, во многу случаи не е така, затоа што многу производи „кријат“ нездрави шеќери и соли? Потрошувачите сè повеќе се свесни за важноста на здравјето. Производителите на храна ја користат оваа можност и напливот на трендот на „здрав животен стил“, за да ги измамат луѓето и да ги убедат да купат високо преработени и нездрави производи.

Игнорирајте ги големи букви и привлечните наслови

Еден од најдобрите совети може да биде целосно да ги игнорирате тврдењата на предниот дел од пакувањето. Предните декларации се обидуваат да ве привлечат и да ве натераат да го купите производот, потпирајќи се многу често на здравствени тврдења.

Истражувањата покажуваат дека со додавање на здравствени тврдења на предните декларации, производителите навистина ја постигнуваат целта да ги натераат луѓето да веруваат дека производот е навистина поздрав од истиот производ што не ги наведува здравствените тврдења – што влијае на изборот на потрошувачот.

Производителите честопати се нечесни во начинот на кој ги користат овие ознаки. Тие имаат тенденција да користат здравствени тврдења кои ве измамуваат, а во некои случаи се и целосно лажни. Ова им отежнува на потрошувачите да изберат здрави опции без детално да го разгледаат списокот со состојки.

Проучете ја листата на состојки

Состојките што се користат за правење на производот се наведени по количина – од највисоко до најниско. Ова значи дека првата состојка е онаа што производителот најмногу ја користел. Добро правило е да се обрне внимание на првите три состојки, бидејќи тие го сочинуваат најголемиот дел од она што го јадете.

Ако првите состојки на списокот вклучуваат рафинирани зрна, каков било вид шеќер или хидрогенизирани масла, може да претпоставите дека производот е нездрав. Покрај тоа, список на состојки подолги од две до три ставки сугерира дека производот, односно, таквата храна, е високо обработена.

Внимавајте на вкупната количина калории на производот

Нутриционстичките декларации наведуваат колку калории и хранливи материи се наоѓаат во стандардна количина од производот. Сепак, овие стандардни количини честопати се многу помалку отколку што луѓето консумираат во еден оброк. На пример, една порција според нивните стандарди може да биде половина конзерва сок, една четвртина колачиња, половина од чоколаден бар или еден бисквит.

На овој начин, производителите се обидуваат да ги измамат потрошувачите да мислат дека храната има помалку калории и помалку шеќер. Ако сте заинтересирани да ги научите нутритивните вредности на она што го јадете, треба да ја помножите порцијата што ја јадете и која е назначена на задниот дел со бројот на порции што си ги консумирал.

Најчести лажни тврдења и што тие значат

Лајт храна

Помалку масните производи се преработуваат за да се намалат калориите или маснотиите. Сепак, повеќето од нив всушност се разводнуваат.

Мултигреин

Ова звучи многу здраво, но само значи дека производот содржи повеќе од еден вид житни култури. Овие се најверојатно рафинирани зрна – освен ако производот не е означен како „од цело зрно“.

Природна храна

Ова не мора да значи дека производот нужно потсетува на нешто природно. Едноставно покажува дека во еден момент производителот работел со природен извор, како што се јаболка или ориз.

Органски

Оваа етикета кажува многу малку за тоа дали производот е здрав. На пример, органскиот шеќер сè уште е шеќер.

Нема дополнителен шеќер

Некои производи се природно богати со шеќер. Фактот дека нема додаден шеќер не значи дека тие се здрави. Може да се додадат и нездрави замени за шеќер.

Нискокалорична

Производите со малку калории мора да имаат една третина помалку калории од оригиналниот производ. Сепак, една нискокалорична верзија на намирница или оброк може да има слични калории како оригиналот на друг бренд.

Храна со малку маснотии или без маснотии

Кога ознаката со малку маснотија е наведена на декларацијата, обично значи дека маснотиите се намалуваат по цена на додавање шеќер. Бидете внимателни и прочитајте го списокот со состојки.

Храната на која е наведено дека не содржи маснотии не е целосно без маснотии. Тие не смеат да содржат повеќе од 0,5 g масти на 100 g или 100 ml во нивниот состав, додека производите со мала содржина на маснотии може да содржат најмногу 3 g масти на 100 g или 1,5 g масти на 100 ml.

Низок процент на јаглени хидрати

Диетите со низок процент на јаглени хидрати сѐ повеќе се поврзуваат со подобрување на здравјето. Сепак, преработената храна што е означена како таква обично сè уште се доработува со „џанк“ храна, слично со обработениот низок процент на масти.

Храна направена од цели зрна

Производот може да содржи многу малку цели зрна. Проверете го списокот со состојки – Ако целовитите житарки не се во првите три состојки, количината е занемарлива.

Засилена или збогатена храна

Ова значи дека некои производи се дополнети со хранливи материи. На пример, витамин Д често се додава во млекото. Сепак, само затоа што нешто е додадено, не значи дека храната е поздрава.

Храна без глутен

Без глутен не значи и здраво. Производот едноставно не содржи пченица, ‘рж или јачмен. Многу намирници без глутен се високо обработени и полни со нездрави масти и шеќер.

Нула транс масти

Оваа фраза значи „помалку од 0,5 грама транс масти по порција“. Според тоа, ако големината на порцијата е исклучително голема, целиот производ и понатаму може да содржи транс масти.

И покрај овие претпазливи зборови, многу навистина здрави намирници се органски, целовити или природни. Сепак, само затоа што декларациите даваат одредени тврдења, не постои гаранција дека производот, односно, храната е здрава.

Различни имиња за шеќер

Шеќерот има безброј имиња – многу од нив не ги препознавате. Производителите на храна го користат ова и намерно додаваат различни видови шеќер во своите производи за да ја скријат неговата вистинска количина. На тој начин, тие можат да наведат поздрава состојка, споменувајќи го и понатаму и шеќерот. Значи, и производите кои се полни со шеќер, не мора да имаат шеќер во една од првите три состојки.

За да избегнете случајно да консумирате многу шеќер, внимавајте на следниве имиња на шеќери во списоците со состојки:

Шеќер од шеќерна репка

кафеав шеќер

шеќер од путер

шеќер од шеќерна трска

шеќер во прав

кокосов шеќер

златен шеќер

инвертен шеќер

шеќер мускувадо

органски сиров шеќер

шеќер распадура

испарен сок од трска

Видови сирупи:

сируп од рогач

златен сируп

високофруктозен пченкарен сируп

мед

агава нектар

сладен сируп

јаворов сируп

овесен сируп

сируп од трици

сируп од ориз

Други додадени шеќери:

јачмен, меласа

кристали од сок од трска

лактоза

пченкарен засладувач

кристална фруктоза

декстран

слад во прав

етил малтол

фруктоза

концентрат на овошен сок

галактоза

глукоза

дисахариди

малтодекстрин

малтоза

Ако видите некои од овие супстанции на врвот од листата со состојки – или неколку од овие во листата, производот, или храната, е богата со шеќер и нездрава, без оглед како изгледа.

Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат следниот пат кога ќе одите да ги купите вашите омилени намирници, па со нивна помош ќе бидете сигурни дека храната што ја купувате и јадете е навистина здрава.

Фото: Pixabey