Двојка на годината: Ѓумбир и мед

Сигурно веќе знаете сѐ и за ѓумбирот и за медот, но никако да направите нешто со нив и да почнете секојдневно да ја консумирате оваа моќна комбинација, особено кога станува збор за имунитетот. Епа еве го најлесниот начин да ја имате секогаш при рака

0
442

Пред сѐ, медот и ѓумбирот се добра комбинација на вкусови, но уште подобра комбинација на здрави состојки. Со неа можете да излекувате кашлица, да ги ублажите симптомите на настинка и грип, да го намалите холестеролот, да излекувате желудникот, да изгубите тежина и добро да го опоравите вашиот имунитет. Тврдењата одат и дотаму дека медот и ѓумбирот заедно се добар лек за ракот. Што е толку моќно во оваа комбинација?

Ѓумбирот има антиинфламаторно дејство и ја смирува болката благодарение на неговата специфична состојка – џинџерол.Ова е многу важно бидејќи воспалението е причина за бројни здравствени проблеми. Овој необичен, ароматичен корен содржи 12 антиоксиданти кои го штитат организмот од оксидативен стрес, а глутатион е еден од нив. Ѓумбирот делува смирувачки на стомакот, го поттикнува организмот да ги исфрли сите токсини преку потта и придонесува за побрзо заздравување. Го зајакнува имунитетот и ја стимулира способноста на организмот да се бори против вирусите на најдобар можен начин.

Медот пак е одличен извор на енергија. Полифенолите присутни во медот делуваат како антиоксиданти. Го зајакнува организмот, делува смирувачки врз воспалителните процеси, функционира како пробиотик, антибиотик и антимикотик. Го зајакнува имунитетот, ја ублажува кашлицата и иритацијата и е богат со витамини и минерали. Медот го зајакнува организмот и го намалува ризикот од болести и инфекции.

Сè на сè, медот и ѓумбирот во комбинација се одлични за зајакнување на имунитетот кај возрасните и кај децата, а со тоа и на здравјето воопшто.

Аковашиот изговор зошто не го консумирате е дека немате време, тогаш еве еден од наједноставните начини на кој можете да почнете да го правите тоа уште веднаш.

Изрендајте парче ѓумбир и ставете го во тегла, прелијте го со мед и ете, тоа е тоа. Земајте си секое утро по една лажичка и немојте да го изедете цело наеднаш…многу е вкусно.