Да се потсетиме на најдобрите природни антибиотици…ќе ни требаат

Денес речиси и да нема антибиотици на кои не се развил некој вид на бактериска отпорност. Сето ова создава големи проблеми во медицината. Затоа, голем број истражувања се повеќе се фокусираат на природни антибиотици. Меѓу нив најпознати се лукот, жалфијата, алое вера, мед и ехинацеа

0
469

Постојано пишуваме за тоа како да се одбраните од грип, да го зајакнете имунитетот и брзо да ја преболите настинка со помош на храна, но и со плодовите од природата. Сепак, и со природните антибиотици треба да се биде внимателен како и со синтетичките. Треба да внимавате на дозите, со што ги мешате, и пред да употребите некои билни препарати, консултирајте се со доктор или професионалец.

Како бактериите стануваат отпорни на антибиотици?

Бактериите се размножуваат многу брзо и на некој начин „комуницираат“ едни со други. Тие споделуваат информации. Бидејќи за кратко време настануваат огромен број бактерии, отворена е и можноста од мутации. Настануваат бактерии отпорни на разни видови антибиотици. Денес речиси и да нема антибиотици на кои не се развил некој вид на бактериска отпорност. Сето ова создава големи проблеми во медицината. Затоа, голем број истражувања се повеќе се фокусираат на природни антибиотици.
Ако долго време или во неколку наврати се борите со еден вид бактерија со ист синтетички антибиотик, многу е веројатно дека бактеријата ќе стане отпорна на тој антибиотик и консумацијата станува бесмислена.

Зошто билните антибиотици се поинакви и подобри?

Фармацевтскиот антибиотик е изолирана хемиска состојка и бактериите брзо гo „читаат“ и се прилагодуваат. Со билките е многу поразлично и покомплицирано. На пример, само лукот, кој се смета за еден од најдобрите природни антибиотици, може да содржи околу 80 соединенија на сулфур, 17 аминокиселини и многу други соединенија. Ајдучката трева има 120 различни соединенија. Сите овие соединенија работат заедно за да создадат најдобри можни резултати и да ве ослободат од болестите.
Меѓу најдобрите билни антибиотици се: калинката, лукот, ѓумбирот, алое вера, мед, жалфија, багрем, ехинацеа, еукалиптус, екстракт од семе од грејпфрут, смрека, сладок корен, полен, мајчина душица, куркума, лаванда, лисја од маслинка, каранфилче…
Еве неколку примери за тоа како билките функционираат како антибиотици и се многу поуспешни од синтетичките.

Лук

Активен е против бактерии како што се стафилококи, стрептококи, ешерихија коли, салмонела, херпес, вирус на грип (тип Б), ХИВ,… Можете да го јадете свеж и како таков, вклучете го што е можно почесто во вашата исхрана или во капсули и во прав. Избегнувајте лук ако користите антикоагуланси.

Алое вера и мед

И одвоено и здружени, овие плодови на природата се многу успешни во лекувањето на разни инфекции. Заедно, тие се најдобриот природен лек против изгореници, за побрзо заздравување и спречување на појава на инфекција.

Ехинацеа

Одлична е против многу вируси и бактерии. Најчесто се користи за воспаление на грлото, настинка и грип. Во овој случај, се препорачува да земате околу 30 капки тинктура ехинацеа на секој час или да пиете топол чај од ова растение.

Жалфија

Велат дека некаде е запишана реченицата на Хипократ: „Зошто би оставиле човек да умре, кога жалфија расте во неговата градина“? Списокот на болести против кои е добро да се користи жалфија е навистина долг. Но, таа е одлична за усната шуплина, забите, крвта, црниот дроб, синусите, грлото, зглобовите, белите дробови, желудникот.

Фото: Pixabay