Дали тиквичките можат да се замрзнуваат?

Содржината на магнезиум, фосфор, калиум, бакар, фолна киселина, витамин Б2, цинк, протеини, железо, калциум и витамин К, ги прави тиквичките исклучително корисни, па би било добро да ги имаме на располагање во текот на целата година.

0
305

Летото е сезона во која најмногу се консумираат свежо овошје и зеленчук.

Тиквичките се во групата зеленчуци, која најчесто се наоѓа на нашата маса од доцна пролет до рана есен. Тие се консумираат како предјадење, но и како главно јадење, свежи и термички обработени.

Содржината на магнезиум, фосфор, калиум, бакар, фолна киселина, витамин Б2, цинк, протеини, железо, калциум и витамин К, ги прави тиквичките исклучително корисни.

Многу добар начин да се обезбедиме со овие вкусни и корисни плодови е да ги замрзнеме. Најлесен и најбрз начин е едноставно да ги измиете тиквичките, да ги исечкате и да ги ставите во кесички, а потоа и во замрзнувач. Сепак, најдобриот начин е прво да ги бланширате тиквичките. Ова ќе го направите ако  исечканите тиквички ги потопите во врела вода на околу една минута.

На овој начин, ќе го запрете делувањето на ензимите, кои прават овој зеленчук да стане каша, да омекне, да ја изгуби бојата или да потемни. Кај бланширањето, не треба да додавате сол, бидејќи солта е уште една причина поради која тие омекнуваат. Добро е да ги исцедите тиквичките од водата по бланширањето и дури тогаш да ги ставите во кесичките во кои ќе бидат замрзнати.

Секогаш избирајте целосно здрави и млади тиквички за замрзнување, никогаш не презреани. Исчистени или не, свежи или замрзнати, добро е да ги имате на располагање во текот на целата година.

Фото: Pexels