Во последните неколку години и научно е докажано дека шеќерот е главниот виновник за дебелината, дека е еден од водечките причини за срцеви заболувања, дека има негативен ефект врз кожата и доведува до предвремено стареење.
Има уште лоши вести: за некои е многу тешко, и невозможно е да се запре со консумирањето шеќер. Луѓето на крајот развиваат зависност од шеќер во вистинска смисла на зборот. Ние трошиме шеќер, тоа ни дава чувство на благосостојба, нè крева, а потоа и расположенијата и нивото на енергија паѓаат, па посегаме по сѐ повеќе … и повеќе … и повеќе. Тоа е шема која е присутна во секоја форма на зависност, вклучувајќи ја и зависноста од шеќер. Уште полошо, истражувањата покажаа дека шеќерот предизвикува копнеж и на центрите за задоволство во мозокот, делува како награда и тоа на сличен начин и во ист обем како што се случува и со зависноста од дрога.
Она што особено загрижува е количината на додаден шеќер присутен во нашата исхрана, а тој е најчесто скриен во намирниците. На пример, сите знаеме дека сладоледот или тортата содржат многу шеќер, но голем број намирници кои дури и немаат сладок вкус, како што се преливите за салата, сосот од домати или лебот и печивата, се богати со бел шеќер. Честопати не ни е ниту на крај од памет дека некоја, на прв поглед, здрава храна всушност е полна со шеќер, па не е ни чудо што потсвесно консумираме шеќер од утро до вечер.
Што носи шеќерниот детокс
Исто така, има и добри вести: дури и ако не сте зависник од шеќер, со елиминирањето на шеќерот од вашата исхрана може брзо да ослабнете, да се чувствувате подобро (и смирено бидејќи шеќерот поттикнува агресија) и да изгледате посвежо и поблескаво. Нема никој што нема да се чувствува добро откако ќе ги исфрли од исхраната додадените шеќери. Ќе ги почувствуваат дури и малите деца. Истражувањето кое професорот на . Педијатрија, Роберт Лустиг го спровел на Универзитетот во Калифорнија покажало дека кога дебелите деца ги исфрлиле додадените шеќери од нивната исхрана само девет дена, имало подобрување во секој аспект на нивното метаболичко здравје. Дури и ако немало промени во телесната тежина или вкупниот број на внесени калории.
Не малку по малку туку дефинитивно збогум на шеќерот веднаш!
Најдобар пристап, барем на почетокот, е да се запре внесот на шеќер веднаш и целосно, бидејќи ништо помалку од тоа нема да биде ефикасно. Ако му кажете на некој кој е навистина зависник од шеќер да се обиде со намалување на внесувањето на шеќер и консумирање на шеќер само во умерени количини, нема да постигнете ништо. Зборот „умерен“ е тотално несоодветен за зависностите. Како може да му кажете на некој што се бори со зависност да јаде малку помалку, да пуши само малку помалку и слично? Можете ли да советувате хардкор алкохоличар да пие само две пива или само две чаши вино? Она што се покажа како ефикасно, според авторот на книгата Sugar Detox, е нагло и целосно да се запре внесот на шеќер. Никој не беше воодушевен од оваа идеја, но позитивните ефекти беа толку многубројни и зачудувачки што решија да истраат во она што на почетокот изгледаше како невозможна мисија.
Покрај тоа, по само неколку дена, оние кои го испробале овој детокс, конечно биле во можност да ги вкусат природните шеќери во овошјето, зеленчукот и млечните производи. Затоа, за првите три дена од детоксот се препорачува целосна апстиненција од додадени шеќери, но исто така и од овошје, зеленчук богат со скроб (како грашок, пченка, компири или батернат тиква), млечни производи, житарки и алкохол. Првите три дена, ќе јадете само протеини, зеленчук без скроб и здрави масти.
На пример, појадокот може да бидат три јајца подготвени на кој било начин, ручек – од 15 до 20 дкг пилешко месо, риба или тофу и зелена салата, а вечерата треба да биде малку пообилна варијанта од ручекот, со замена на салатата со брокула, спанаќ или кељ зготвени на пареа. За ужинка, можете да земете 3 дкг ореви или лешници и пиперка исечена на лентички со хумус, додека од пијалоците во текот на денот се дозволени вода, незасладен чај и црно кафе. Иако тие не содржат калории, не се дозволени вештачки засладувачи бидејќи тие исто така ги затапуваат нашите папили и нè прават помалку чувствителни и реактивни на вкусот на природниот шеќер во храната. Експертите веруваат дека вештачките засладувачи доведуваат до зголемено складирање на маснотии во ткивата, но исто така и до прејадување за да се компензира зголеменото складирање на енергијата.
Чистењето на организмот од шеќер може да ви помогне да изгубите на тежина многу брзо. Во текот на 31 ден од детоксикацијата, обично се губат меѓу 3 и 10 килограми, во зависност од телесната тежина и нивото на зависност од шеќер на лицето кое било подложено на детоксикација. Оние кои го пробале шеќер детоксот, исто така забележале дека повеќето од вишокот килограми исчезнале во пределот на половината.
Забележале и дека очите им се поблескави, кожата им е почиста и дека им се намалуваат темните кругови под очите, имаат повеќе енергија и помалку варијации во расположенијата во текот на денот. Многумина што ја пробале оваа детоксикација сфатиле дека сите претходни диети што ги спровеле биле само заблуди затоа што намалувањето на внесот на маснотии само го зголемило внесот на додадени шеќери.
Сепак, постојат некои медицински предупредувања за сите оние што сакаат да го пробаат овој вид детокс. Првите неколку дена може да бидат многу тешки, па затоа не е лош избор да се започне во денот кога нема да бидете изложени на друг стрес. Во зависност од тоа колку е силна вашата зависност, може да доживеете некои симптоми на апстиненцијална криза, како што се расеаност, раздразливост или екстремен умор. Ако се чувствувате навистина лошо, земете парче овошје, но би било многу подобро да бидете во можност да истраете затоа што конечно ќе го прекинете маѓепсаниот круг на зависноста. Исто така, имајте на ум дека таков план за диета не е соодветен за дијабетичари, професионални спортисти или за секој што зема лекови за контрола на шеќерот во крвта, како и за бремени жени.
Фото: Pixabey