Добрата работа е што вашето тело ќе ви даде до знаење дали се храните здраво, само слушајте го своето тело, следете ги сите промени и ќе знаете. Здравата храна вклучува многу органско овошје и зеленчук, јатки, семиња, мешунки и интегрални житарки. Еве неколку јасни знаци дека се храните правилно и дека не треба да менувате ништо.
Имате редовна столица. Запек е еден од симптомите на неправилна исхрана, а редовните движења на дебелото црево секој ден се знак дека начинот на кој се храните е задоволителен. Ако не одите во тоалет секој ден, додадете во вашата исхрана повеќе овошје и зеленчук што содржи растителни влакна, мешунки и интегрални житарки.
Не мора да внимавате на калориите. Ако мора да внимавате колку калории внесувате цело време, тогаш постои голема веројатност да јадете премногу индустриски преработена храна, засладени пијалоци, сирење и месни производи. Ако јадете природна непреработена храна, нема да се дебелеете и нема да има потреба од броење калории.
Вашето расположение не ви варира. Постојат многу фактори кои влијаат на промените во расположението, вклучувајќи алкохол, кофеин и шеќери кои влијаат на наглите промени на расположението и анксиозност. Ако ги користите овие намирници во умерени количини, вашето расположение би требало да биде стабилно.
Хидрирани сте. Дехидрираноста е обично производ на недостаток на течност во организмот и премногу шеќер, кофеин и алкохол. Обично предизвикува жед, сува уста и сува кожа и исушени клетки во целото тело. Пијте поголема количина на вода и јадете овошје и зеленчук што се богати со вода.
Имате доволно енергија во текот на денот. Ако се храните здраво, тогаш не треба да имате проблеми со енергијата во текот на денот, не треба да се чувствувате исцрпени. Ако едвај издржувате на нозе до крајот на работниот ден, тогаш нешто не е во ред со вашата исхрана. Причина за ова е обично вишокот на кофеин или јаглени хидрати во текот на денот.
Добро спиете. Многу работи можат да влијаат на добриот сон, а меѓу нив е и лошата исхрана. Ако добро се храните, не користите штетни намирници, не треба да имате проблеми со спиењето. Ако јадете големи оброци пред спиење, вашиот црн дроб ќе работи во текот на целата ноќ, а тоа може да влијае на вашата способност да заспиете.
Најчесто готвите домашна храна. Ова е еден од сигурните знаци дека се храните добро, затоа што само со готвење оброци од почеток до крај, без купечки намирници, можете да бидете потполно сигурни што навистина внесувате во вашето тело. Потрудете се да готвите секој ден, а ако одите на работа, носете си храна која сте ја приготвиле од вечер.
Фото: Pixabey