Кога се јаде во Македонија, сеедно дали сте дома, во кафеана или некаде на викенд, обично се почнува со салата и мезе. Додека да стасате до главното јадење, веќе сте сити, ама храбро продолжувате напред. Да ви кажам право, за мене мезењето е најубавиот дел од оброците. Затоа не можам да ги разберам оние луѓе кој набрзина јадат или пак оние кои веднаш преоѓаат на главното јадење.
На пример, кога јадам со моите деца, додека јас уште не сум ниту до пола со салатата, тие веќе завршиле со ручекот. Или пак кога јадам со роднините од Хрватска, јадат се наеднаш и не пијат ништо за време на ручекот, евентуално, потоа.
Инаку, не е само до мезето, јас јадам бавно и долго дури и кога јадам мусли за појадок. Затоа, иако можеби тоа и не е баш добро, токму заради тоа што сум многу бавна, кога работам, не правам пауза за појадок, туку појадувам работејќи. Така можам да го тегнам појадокот без да губам многу од работното време. Во секој случај и секој оброк кај мене траат со часови. Дури и по цена кога тоа се случува во домашни услови, постојано јас да ја раскревам трпезата.
Во која група на луѓе спаѓате вие? Дали јадете брзо, онака војнички, или полека и долго?