Дали сте вегетаријанец или флекситаријанец?

Во Европа вегетаријанството го практикувал и застапувал грчкиот филозоф Питагора во 6 век пред Христос. Тој поучувал дека „телото на дивите животни ја контаминира и ја брутализира душата“. Таквата питагорејска етика се шири понатаму помеѓу 490 и 430 година пред Христос, а нејзината цел била да се создадат универзални закони според кои не треба да се убиваат живи суштества, ниту да се јаде нивното месо. Вегетаријанците биле познати како Питагорејци сè до средината на деветнаесеттиот век.

0
221

Нашиот поглед на поимање на вегетаријанството значително се променил во последните две децении, од алтернативна исхрана, формите на вегетаријанството денеска станаа трендовски прехранбени модели, а корисните ефекти од исхраната со поголем процент на растителна храна врз здравјето, се неспорни. Исхраната базирана претежно на растителни извори штити од дебелина, корорнарна срцева болест, хипертензија и дијабетес, како и голем број други болести. Вегетаријанската исхрана може да ги обезбеди сите потребни хранливи материи, но само ако е правилно испланирана и избалансирана, па едукацијата врз принципите на вегетаријанска исхрана е исклучително важна за секој што се одлучува за таков облик на исхрана.

Причините за избор на вегетаријанска исхрана се различни: од етички, културни и религиозни, па сè до научно засновани здравствени причини. Малку по малку, типичните намирници од вегетаријанската исхрана станаа дел од кулинарското секојдневие, па прифативме најразлични мешунки и нивните производи, семиња, алги, најразлични житарки и многу други здрави и вкусни јадења. За ова сигурно придонесе популарноста на заборавената и новооткриената храна, како и зголемениот број на знаења за тоа како исхраната базирана на растителна храна има корисен ефект врз здравјето.

Покрај тоа, препораките за превенција, но и поддржувачката терапија на многу болести, денес вклучуваат проширување на менито со разновидна храна од растително потекло. Од овие трендови се разви посебна фраза „исхрана базирана на растително потекло“, што значи исхрана која содржи две третини храна од растително потекло и една третина храна од животинско потекло. Овој вид исхрана се препорачува како нов модел на „правилна исхрана“ и е особено корисен за жени во менопауза, стари лица и лица со различни метаболички и малигни заболувања.

За сѐ поголемата популарност на растителната исхрана сведочи и појавата на флекситаријанството. Имено, има сè повеќе луѓе кои кокетираат со вегетаријанството и се декларираат како вегетаријанци, а всушност, повремено јадат месо или риба – тие се флекситаријанци.

Флекситаријанството е кованица од два збора: флексибилно и вегетаријанство. Едноставно кажано, ова се луѓе кои претежно јадат храна од растително потекло, но исто така, повремено јадат и месо. Терминот потекнува од пред повеќе од една деценија, а пред неколку години беше објавена и книга под наслов „Флекситаријанска исхрана: претежно вегетаријански начин за губење на вишокот килограми, за подобрување на здравјето, за превенција од болести и продолжување на животот“, која ја објавила диететичарката Даун Џексон Блатнер. Авторката тврди дека не е неопходно целосно да се откажете од месото за да уживате во здравствените придобивки на вегетаријанството.

Дефиницијата за флекситаријанство, која се најде и во Википедија, ја дефинира како претежно вегетаријанска исхрана со повремени исклучоци од социјални или културни причини или за задоволување на нутритивните потреби. Значи, изборот на храна е флексибилен, па флекситаријанците на пример, дома си подготвуваат вегетаријански оброци, но немаат ништо против месото кога јадат надвор од својот дом. Во Њујорк веќе има ресторан кој нуди флекситаријански јадења, а издадени се и првите готвачи.

Според некои истражувања, флекситаријанците тежат 15 проценти помалку од ‘сејадите’, имаат помал степен на срцеви заболувања, дијабетес и карцином и живеат во просек 3,5 години подолго. Како и вегетаријанците, флекситаријанците мора да знаат многу за исхраната, за комбинирање на намирниците и планирањето на дневни оброци. Тие исто така треба во своето мени да воведат голем број на нови јадења, како мешунки, тофу, јатркасти плодови, семиња, никулци и цели житарки.

За разлика од нив, луѓето кои ги елиминирале сите животински производи од нивната исхрана може да имаат потешкотии да ги задоволат нивните дневни потреби за протеини, цинк и железо. Месото и месните производи се практичен извор на овие нутриенти, а исхраната која ги исклучува овие намирници бара малку повеќе планирање. Затоа, правилното планирање е од исклучителна важност, особено кај веганската исхрана. Сепак, ако е правилно избалансирана, веганската исхрана може да ги обезбеди сите потребни хранливи материи, освен витамин Б12. Исто така, честопати е потребен дополнителен внес на витамин Д, исто како и кај сејадите.

Инаку, вегетаријанството ги има своите корени во хиндуизмот и будизмот и било главно со религиска природа. И денес, овој начин на исхрана е повеќе или помалку присутна во многу религии, како на пример, кај адвентистите, хиндусите и будистите, а во некои религии се избегнува месото од одредени животни.

Во Европа вегетаријанството го практикувал и застапувал грчкиот филозоф Питагора во 6 век. пр. Христос. Питагора поучувал дека „телото на дивите животни ја контаминира и ја брутализира душата“. Таквата питагорејска етика се шири понатаму помеѓу 490 и 430 година. пр. Христос, а нејзината цел била да се создадат универзални закони според кои не треба да се убиваат живи суштества, ниту да се јаде нивното месо. Вегетаријанците биле познати како Питагорејци сè до средината на деветнаесеттиот век.

Првото вегетаријанско друштво е основано во средината на 19 век во Лондон, а денес има стотици милиони членови низ дел од светот кои сочинуваат три проценти од вкупната популација. Многумина биле инспирирани од новиот начин на исхрана за да ги запишат своите мисли, а една од нив, која е пронајдена на стар египетски папирус, гласи: „Живееме од четвртина од она што го проголтуваме, од преостанатите три четвртини живеат лекарите“.

Фото: Pixabey