Дали познавате некој што јаде сé, а не се дебелее?

Има луѓе кои јадат сé што сакаат и не внимаваат на линијата, а воопшто не се дебелеат. A има и такви што се дебелеат и од чаша вода. Во која група спаѓате вие?

0
616

И сигурно некогаш во своја близина сте имале некој таков, кој постојано јаде и слатко и солено, и кисело и луто и заразлика од вас, кои постојано сте на некакви диети, не мрднува ниту за грам.

Која е причината за ова?

Брзиот метаболизам кој предизвикува добро варење е заслужен за сé. Притоа, луѓето кои можат да јадат сé, најчесто не се прејадуваат. Како и да ни изгледа нам тоа, тие умерено ја консумираат храната, која и да ја посакаат, но јадат многу бавно, односно, го џвакаат секој залак што е многу важно за добра килажа. За таквот брз метаболизам е најзаслужна генетиката.

Овие жени немаат проблем ниту за време на бременоста и се поправаат само неопходните осум килограми кои брзо по породувањето повторно ги губат па изгледаат исто како и претходно.

Тие најчесто се здебелуваат во климакс кога добиваат три, четири килограми вишок и токму поради тој „вишок“ изгледаат многу добро, сметаат нутриционистите.

Не може да секаже дали е таквиот метаболизам добар или лош. А за да се утврди дали причината за тоа е причина одредебо заболување, се прави нутритивна анамнеза, дносно, се проверувадали одредена личност јаде редовно и разновидно. Ако излезе дека има добри прехрабени навики, тогаш се исклучува можноста за Хронова болест, целијакија, дијабетес. А генетиката како генетика, таа е како лотарија. Некој седебелее и од чаша вода, а некој ниту од еден тон колачи.

Во која група спаѓате вие?

Фото: Unsplash