Дали луѓето со дијабетес треба да јадат овошје?

Овошјето е полно со здрави хранливи материи и фитонутриенти кои заедно можат да помогнат во заштитата на дијабетичарите од други хронични заболувања како срцеви заболувања (кои луѓето со дијабетес е двојно поверојатно да ги развијат).

0
655

Прашавме нутриционист дали дијабетичарите треба да јадат овошје. Она што таа рече може да ве изненади, пишува порталот Cookinglight.
Вообичаено е луѓето со дијабетес да се плашат од овошје – или да го избегнуваат  – затоа што стравуваат дека ќе им направи збрка со нивото на шеќер во крвта. Додека во овошјето има природен шеќер (читајте: фруктоза), вашето омилено слатко овошје не мора да биде недостижно за вас.

Ако сте дијабетичар, не треба да бидете фокусирани само на содржината на шеќер во храната – туку и на јагленохидратите, кои може драматично да влијаат на нивото на шеќер во крвта.
Џил Вајзенбергер, авторка на Diabetes Weight Loss-Week by Week, вели: „Шеќерот во овошјето не мора да се преведува во високо ниво на шеќер во крвта. Всушност, парче овошје со големина на тениска топка содржи само околу 15 грама јаглени хидрати – приближно исто како и чаша млеко, парче леб од цела пченица, 1/3 чаша кафеав ориз или лажица шеќер“.

Вајзенбергер вели дека ги советува своите клиенти – дијабетичари да ги бројат јаглехидратите во нивните оброци (чекор кој може да биде болен за некои, но е  толку неопходен). Вајзенбергер вели: „Ако целта за јагленихидрати ви е 45 грама на оброк, можете да го добиете со комбинација на овошје, зрна и зеленчук“.

Значи, кои плодови имаат најмал број на јаглехидрати по порција? Според USDA, има само 11 г јаглехидрати во чаша со парчиња лубеница или во чаша цели јагоди; 13 г во чаша исечени парчиња диња; 12 г во чаша исечено авокадо (да, тоа е исто овошје); 14 г во праска со средна големина; 25 г во јаболко со средна големина; и 27 г во банана.

Всушност, овошјето може да биде прекрасен избор за дијабетичарите. Тоа е полно со здрави хранливи материи и фитонутриенти – како што се витамини, минерали, растителни влакна, флавоноиди и каротеноиди – кои заедно можат да помогнат во заштитата на дијабетичарите од други хронични заболувања како срцеви заболувања (кои луѓето со дијабетес е двојно поверојатно да ги развијат).

Вајзенбергер ги советува своите клиенти да уживаат во овошните оброци, како закуска, па дури и како здрав десерт (јагоди со темно чоколадо на пример). За да бидете сигурни дека не претерувате, Вајзенбергер вели: „Паметно е да го измерите шеќерот во крвта веднаш пред јадењето, а потоа повторно два часа по првиот залак. Разликата помеѓу овие два броја ќе ви помогне да го процените ефектот на оброкот“.

Без разлика дали сте новодијагностицирани или со години се борите со дијабетес, нема зошто да се плашите од овошје. Само консултирајте се со вашиот лекар или  диететичар, за да откриете што е најдобро за вас.

Фото: Pexels