Дали лушпите од јајца може да се јадат?

Со години слушаме како јајцата се добри за нашето здравје. Јајцата се евтин и добар извор на протеини, кои можат да се јадат пржени, варени, на 100 различни начини. Но, што е со лушпата од јајца?

0
714

Истражувањата покажуваат дека лушпите од јајца се извор на калциум. Покрај хранливите материи што се наоѓаат во лушпата, знаеме дека може да се додадат во почвата и дека се добри за растенијата, но дали се безбедни за човечка потрошувачка? И, ако е така, дали лушпите од јајца се добри за коските, остеопорозата и како лек за многу заболувања?

Еве сè што треба да знаете за лушпите од јајца.

Што е по состав лушпата од јајце?

Секој што држел јајце во рака знае да ја опише неговата лушпа. Но, што точно знаеме за неа?

Лушпата од јајце се состои од три слоја. Првата е надворешната обвивка, која е цврста и по текстурата е слична на креда, а се состои исклучиво од кристали на калциум карбонат. Овие кристали се одговорни за заоблената форма што го прави секое јајце препознатливо. Иако лушпата од јајца е цврста, таа е всушност полупропустлива мембрана, која пропушта воздух и влага низ 17.000 ситни пори распоредени по целата површина.

Лушпата има уште една обвивка што е невидлива за човечкото око и служи за да се спречат прашината и бактериите да навлезат во јајцето за да не се расипе.

Другите два слоја на лушпата од јајца се нарекуваат внатрешна и надворешна мембрана. Овие мазни, проѕирни мембрани се состојат од протеини и во исто време се и флексибилни и цврсти.

Со заедничко дејство, внатрешната и надворешната мембрана ги штитат жолчките од бактерии. Еден од протеините кои се наоѓаат во овие мембрани е кератинот, истиот кератин кој се наоѓа во рогот од носорог и во човечката коса.

Дали лушпите од јајца може да се јадат? Лековити својства на лушпите од јајца

Краткиот одговор на ова прашање е – да. Кога е добро измиена и правилно подготвена, лушпата од јајца може да се јаде.

Можеби поважно е прашањето – зошто некој би сакал да јаде лушпи од јајца? За да одговориме на тоа прашање, треба да ја погледнеме количината на калциум содржан во лушпата од јајца. И овој минерал е одговорен за повеќето лековити својства на лушпите од јајца.

Лушпите од јајца се полни со калциум за коските

Во просек, лушпата од јајца содржи двојно повеќе од дневната доза на калциум, и се смета за една од намирниците кои се најбогати со овој минерал. Калциумот е основен минерал за раст и развој на коските. Го регулира срцевиот ритам, го стимулира мускулниот развој и го контролира нивото на магнезиум, фосфор и калиум во крвта.

Кога ќе земеме предвид колку случаи на недостаток на калциум има во просечната исхрана, лушпите од јајца се кандидат кој поевтино и брзо ќе ги надополни резервите на овој минерал во секој организам и ќе ги зајакне коските.

Постојат студии кои сугерираат дека калциумот добиен од лушпи од јајца може да биде дури и подобар од истата количина на калциум добиен од други извори, на пример, суплементите, бидејќи нашето тело побавно го вари калциумот кој се добива од храната, со што се намалува ризикот од предозирање со калциум.

Ги зајакнува коските и може да помогне при остеопороза

Научниците сè повеќе го поддржуваат калциумот добиен од лушпите од јајце поради неодамнешните откритија во врска со остеопорозата. Истражувањата покажуваат дека дополнителниот калциум, стронтиум и флуорин, кои се добиваат од лушпите од јајца, имаат позитивен ефект врз метаболизмот на коските и го поттикнуваат растот на ‘рскавицата, што е многу важно за луѓето кои имаат остеопороза.

Клиничките испитувања кај жените во постменопауза сугерираат дека лушпите од јајца во прав ја намалуваат болката што се јавува при остеопороза и ја зголемуваат подвижноста кај пациентите.

Исто така, има некои наоди кои укажуваат на тоа дека при конзумирање на лушпи од јајца, коските престануваат да ја губат густината и, во некои случаи, стануваат посилни.

Во моментов има повеќе истражувања за тестирање на протеините во лушпите од јајца, кои треба да послужат како природен извор на калциум карбонат за графтови кои се вградуваат во коските.

Научниците открија дека со комбинирање на протеини од лушпите од јајца и хијалуронани, добиените коски и ткива имаат уште подобра структура. Ова е добра вест за пациентите и ортопедите, кои во иднина ќе имаат поквалитетен материјал со биорасположив калциум, кој се користи за трансплантација и вградување на коски.

Ја штитат забната глеѓ

Лушпите од јајца во прав не се добри само за коските и во борбата против остеопорозата, туку е клучна состојка за стоматолозите чиј главен фокус е на реминерализација на забната глеѓ.

Студиите покажале дека лушпите од јајца во прав, измешани со глицерински раствор или метилцелулозен гел, кога се нанесува на заби кои биле хемиски деминерализирани, помага да се создаде нова забна глеѓ. Тестовите исто така покажале дека, во споредба со другите извори на калциум, јајцето содржи помалку токсични материи како олово, алуминиум, кадмиум и жива.

Лушпите од јајца инаку се користат за создавање мешавина што се користи за синтеза на биоактивни материјали во стоматолошката протетика. Сите овие податоци докажуваат дека лушпата од јајца е една од најдобрите намирници за вашите заби.

Лушпи од јајца за цвеќиња

Можете да користите лушпи од јајца за цвеќињата затоа што сите растенија сакаат калциум. Некои намирници, како домати, модри патлиџани и пиперки, реагираат на вишокот калциум што го добиваат од лушпата од јајца. Кога ги користите јајцата, смачкајте ги лушпите и посипете ги на почвата. На списокот на обожаватели на калциум спаѓаат и јаболките и розите.

 Лушпи од јајца за кучиња

Додадете ситно мелени лушпи од јајца во храната за кучиња или птици

Придобивките што ги имаат луѓето од калциум се однесуваат и за нашите пердувести и крзнени миленичиња.

Мерки на претпазливост

Ако внимателно се подготвуваат, лушпите од јајца речиси и не можат да предизвикаат никаков проблем во организмот. Ако не се смелат доволно ситно, лушпата може да го изгребе грлото или да го оштети хранопроводот. Ако не ги стерилизирате лушпите, може да фатите салмонела.

Ако претерате со лушпите, може да имате вишок калциум во вашето тело. Премногу калциум може да предизвика гадење, повраќање, срцева слабост и низок крвен притисок. Вишокот калциум може да формира и камења во бубрезите. Овие симптоми се јавуваат поретко ако го обезбедите калциумот од намирниците (како што се лушпите од јајца), бидејќи организмот побавно го обработува калциумот што доаѓа од храната.

Искуства

Иако често не ги сметаме лушпите од јајца за намирница, големата доза на калциум содржана во нив би требало да ве натера да се замислите. Лушпите од јајца и нејзините две мембрани имаат инаку разновидна примена во медицината.

Лекарите и научниците користат лушпи од јајце во прав и мембрани од јајца за лекување на многу заболувања, од остеопороза до разни болести кои влијаат на коските од артритис до губење на забната глеѓ.

Лушпите од јајца имаат најразлични начини на употреба и може да се користат за збогатување на минералниот состав на почвата за цвеќиња, да се додадат во храната за кучиња, сапун и кафе.

Затоа, следниот пат кога ќе скршите јајце, сетете се на овој текст и размислете што ќе направите со преостанатата лушпа.

Фото: Pixabey