Дедо ми си јадеше компот од различно овошје речиси секој ден за појадок, и тоа го јадеше како попара, со лепче. Компотот е многу популарен пијалок во студената сезона, и покрај тоа што е вкусен, тој е и исклучително здрав.
И не само дедо ни, туку го јадевме сите ние иако не знаевме дека е здрав и лековит. Само ни беше вкусен.
Сепак, бидејќи денес сите зборуваат за здрава храна, ќе ве посоветуваме како да ги зачувате витамините од овошјето од кое правите компот.
Варете исчистено, измиено и исечено овошје во топла вода за да не се распадне за време на готвењето. Во водата можете да додадете рендана или цела кора од лимон, цимет и слични зачини, во зависност од видот на овошјето и вкусот.
Ако правите компот од суво овошје, прво измијте го и натопете го во ладна вода ден претходно, а следниот ден згответе го во истата вода.
Гответе го компотот во емајлирани садови, а не во алуминиумски или бакарни, бидејќи овошните киселини создаваат соединенија со овие метали кои го менуваат вкусот и бојата на овошјето. На тој начин се уништуваат и витамините.
Компот од јаболка
Компотот од јаболка сигурно ќе ги разбуди вашите спомени од детството, а исто така е вкусен, ќе ве закрепне дури и ако имате грип.
Измијте, излупете и исечете 500 гр јаболка. Извадете ги семките и ставете ги исчистените парчиња во 500 мл врела вода. Ако сакате поблаг компот додадете 40 гр шеќер, ванилин шеќер и стапче цимет. Гответе сè заедно 10-15 минути. Кога малку ќе се олади, додадете половина лимон исечен на прстени за да го задржите витаминот Ц.
Ако сакате, можете да му додадете и малку бело вино или рум.
Компот од круши
Поради својата исклучителна сладост, сокот од круша се користи во десертите наместо шеќер, а една просечна круша има помалку од 100 kcal. Крушите се идеален избор за луѓето кои се под стрес.
За компотот од круши ви треба 1 кг круши. Излупете ги, исечете ги на половина, извадете ги семките, исечете ги на парчиња, ставете ги во тенџере, по желба додадете и шеќер и прелијте ги со вода. Гответе на тивок оган додека не омекнат (приближно 10 минути). Тргнете го тенџерето од оган и кога малку ќе се олади додадете сок од 1-2 лимони. Колку лимони ќе ставите зависи од вкусот.
Овој компот е одличен и како средство за смирување.
Фото: Unsplash