Дали знаевте дека јогуртот со помалку маснотии има повеќе шеќер?

Кога ќе кажете дека не јадете шеќер и слатки работи, тоа сè уште не значи дека не консумирате шеќер бидејќи го има и таму каде што најмалку очекувате. Еве седум популарни намирници кои содржат многу повеќе шеќер отколку што мислите

0
341

Експертите препорачуваат жените да консумираат само 24 грама шеќер на ден, додека на мажите им е дозволено до 36 грама.

На BrightSide издвоиле некои од намирниците за кои можеби ќе се изненадите колку шеќер содржат.

1. Готова супа

Ќе помислите дека супата од продавница може да биде здрава комбинација на вода и хранлив зеленчук. Но, кога ќе проучите што содржи, ќе забележите дека само една таква супа може да содржи повеќе шеќер отколку што се препорачува да консумирате дневно. Ова е особено честа појава кај супите базирани на домати, каде шеќерот се користи за да се балансира киселоста на доматите.

2. Јогурт со малку маснотии

Додека храната со низок процент на масти може да биде примамлива за оние кои се обидуваат да живеат поздрав начин на живот, треба уште еднаш да размислите за консумирањето вакви намирници – особено кога станува збор за јогурт. Една порција полномасен обичен јогурт има 4,7 грама шеќер, додека една порција грчки јогурт може да има од 6 до 12 грама шеќер. Додавањето шеќер во храната со низок процент на маснотии се користи за да се компензира загубата на вкусот и конзистентноста, а многу јогурти со мал процент маснотии содржат и нездрави форми на засладувачи, како што се сахароза или пченкарен сируп со висока содржина на фруктоза.

3. Прелив за салата со помалку маснотии

Слично на јогуртот, преливите со салати кои имаат помалку маснотии и калории содржат и зголемени количини шеќер. На две лажици од омилениот прелив за салата од продавницата може да има околу 7 до 10 грама додаден шеќер. Затоа експертите препорачуваат сами да си направите прелив за салата дома за да бидете сигурни дека нема додадени шеќери, конзерванси или други нездрави состојки.

4. Кечап

Овој сос е еден од најпопуларните низ целиот свет. Сепак, една лажица од овој црвен зачин е еквивалентно на ставање цела коцка шеќер во устата. Содржи приближно 4 грама шеќер во една лажица, а повеќето видови комерцијален кечап содржат и значителни количини на пченкарен сируп, кој е поврзан со дебелината и срцевите заболувања.

5. Путер од кикиритки

Путерот од кикиритки е популарен извор на протеини. Иако природните видови путер од кикиритки содржат малку шеќер или воопшто не содржат шеќер, многу комерцијални верзии се надополнети со нездрави масла и додадени шеќери. Некои популарни брендови можат да имаат до 8 грама шеќер во само две лажици.

6. Чипс

Една кесичка од омилениот чипс може да содржи околу 3 до 5 проценти шеќер. Ова е особено честа појава кај чипсот со вкус како скара, сладок чили или мед. Чипсовите содржат и многу јаглехидрати, кои вашето тело ги претвора во форма на шеќер наречен гликоза.

7. Суво овошје

Сувото овошје се смета за здрава закуска. Богато е со витамини, влакна и антиоксиданти. Меѓутоа, кога плодовите се дехидрирани, содржината на вода се отстранува, оставајќи ги сите шеќери збиени во збрчканото овошје, правејќи ги богати со природни шеќери.

Фото: Freepik