Иако повеќето луѓе сметаат дека сè треба да се измие затоа што е чистото синоним за здраво, тоа не е секогаш точно, особено кај намирниците кај кои постои можност од потенцирање на бактериите и случаи на труење со храна.
Иако звучи парадоксално, миењето на некои намирници може да биде причина за ширење на бактерии, па дури и за труење, а експертите за храна ги објаснија правилата за миење на намирниците, односно за тоа која храна никогаш не треба да се мие пред да се готви, а која мора да се мие.
Не треба да се мијат следниве:
Јајца
Постои посебна супстанција која се става на јајцата во индустриското производство и продажба, а нејзината цел е да ги заштити јајцата од бактерии. Водата ја уништува оваа заштита, па затоа јајцата не треба да се мијат, туку да се сварат нормално, а потоа да се излупат.
Пилешко
Според агенцијата Food Standards од Велика Британија, со миење на сурово живинско месо, заради прскањето на вода, бактеријата Кампилобактер се шири преку капките.
Тие откриле дека две петтини од луѓето го мијат пилешкото месо пред да го подготват. Предупредуваат дека капките вода што се одбиваат се одговорни за пренесување на наведените бактерии на кожата, работните површини, облеката и кујнската опрема.
Забраната за миење сурова живина, според ФСА, треба да се сфати сериозно затоа што „Кампилобактер“ може да резултира со опасни болести, па дури и смрт. Она што можете да го направите е да бидете сигурни дека пилешкото што го подготвувате е добро печено или варено и дека добро ќе ги измиете рацете откако ќе го третирате месото.
Друго месо
Забраната за миење не се однесува само на живината, туку и на другото месо како говедско, свинско и јагнешко, бидејќи исто така шири бактерии во кујната за време на миењето. Бактериите на месото лесно се решаваат со висока температура, без разлика дали ќе го варите или ќе го печете.
Добро би било да го избришете вишокот сок од површината на месото со хартиени салфети пред да почнете да го готвите, а по ракувањето со месото, не заборавајте да ги измиете рацете со топла вода и сапун.
Тестенини
Кулинарските готвачи сметаат дека миењето тестенини е најголемиот грев што можете да го направите, бидејќи водата го отстранува скробот што помага подобро да се апсорбира сосот што ќе го послужите со него. Значи, тестенините не треба да се мијат дури ниту по готвењето, а единствен исклучок се тестенините што сте ги зготвиле за салата или што ќе ги доработувате во вок.
Печурки
Оваа храна, поради сунѓерестата структура со исклучителна апсорпција, никогаш не треба да се мие или потопува во вода. Ако изгледаат валкани, едноставно излупете ги со нож или избришете ги со хартиени салфети. Печурките треба да се лупат само доколку имало промена на бојата, а без оглед на бојата, долниот дел од дршката на печурката треба да се исече.
Што мора да се измие:
Овошје и зеленчук чија кора ја лупиме
Ова правило важи по лупењето – на пример компири или кромид. Но, ако станува збор за храна како лубеница или лимон, тогаш измијте ги пред да консумирате – бактериите од кората лесно влегуваат внатре преку ножот.
Конзерви
Бактериите не можат да влезат во конзервирана храна, па затоа можат да стојат толку долго. Но, дефинитивно можат да влезат внатре ако не го измиете капакот на конзервата пред да ракувате со неа.
Јаткасти производи
Според здравствените експерти, малкумина ги знаат и ги следат правилата за миење јаткасти производи. Имено, дури и да се излупат (ф’стаци, кикиритки и сл.), никогаш не знаете како се чуваат и транспортираат. Тие исто така знаат да бидат испрскани со киселина што штити од паразити, но може да му наштети на здравјето на луѓето.
Суво овошје
Овој вид на храна се смета за една од „највалканите“. Ова особено важи за сувото овошје што се продава на големо, а контејнерите во кои е сместено многу ретко или никогаш не се мијат.
Измијте го или дури оставете го да се натопува во вода некое време, а потоа исушете го сами неколку часа и ќе биде исто толку вкусно и многу поздраво.
Ориз
Најновите истражувања покажаа дека вообичаен метод за готвење ориз – во сад со врела вода додека не испари, ги изложува оние што го јадат на траги од токсичен арсен. Тој го контаминира оризот за време на одгледувањето и е резултат на индустриски токсини и пестициди.
Арсенот, па дури и во трагови, е поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес и рак, како и проблеми со развојот и е најопасен за децата, предупредува Енди Мехарг, професор по биолошки науки на универзитетот во Белфаст. Имено, оризот треба да се потопи преку ноќ, да се исплакне под вода наутро и да се готви – со што ќе се намали процентот на токсини во него за дури 80 проценти.
Фото: Unsplash