Дали алкохолот го намалува имунитетот?

Алкохолот не е баш добар за здравјето, но она што не интересира сите нас овие денови е: Колку е штетен за имунитетот?

0
470

Еден пијалок со вечерниот филм или чаша вино со вечерата – не случајно алкохолот е нешто во што уживаме. Тој е секогаш поврзан со убави часови со пријателите, вкусно јадење, забава со гитара или опуштен летен пикник до доцна во ноќта. Сепак, ги знаеме и темните страни на алкохолот: страшен мамурлак, масни наслаги на стомакот или дури и воспален црн дроб.

Алкохолот не е баш добар за здравјето, но она што не интересира сите нас овие денови е: Колку е штетен за имунитетот?

Преголемата консумација на алкохол го нарушува имунитетот, а умерената (максимум еден пијалок на ден за жени) нема таков ефект. Најдобро е кога се применува следното правило: ако не сакате да се разболите или веќе сте болни, не пијте алкохол!

Причината за ова е: алкохолот го менува составот на микробиомот на цревата. Тука се наоѓаат билиони микроорганизми и бактерии кои се грижат да останеме здрави и фит. Ако се ослаби нивната заштита, тоа ќе влијае на целото тело. Предизвикувачите на болестите полесно ќе влезат во крвотокот. Премногу алкохол го намалува одбранбениот механизам на телото. Оној кој ќе испие премногу, го намалува бројот на белите крвни зрнца на неколку часа. Таканаречените моноцити се многу важни за имунолошката одбрана. Против помалите количини алкохол – на пример, една чаша вино со ручек или вечера – никој нема ништо против.

Фото: Unsplash