Грозјето го забавува стареењето и спречува деменција, а особено е здраво црното грозје

Грозјето содржи антиоксиданти и делува како природен тоник на организмот, кој одлично влијае врз мозокот, со што го забавува стареењето и спречува деменција.

0
244

Црното грозје е особено здраво и треба да се јаде што е можно почесто заради содржината на калиум, манган, витамини Ц, Б1 и Б6, но и заради изобилството од растителни влакна, калциум и железо. Истражувањата покажале дека црното грозје го зголемува нивото на мелатонин, хормон неопходен за добар сон.

Освен што освежува, грозјето е и лек за чистење на крвта, лекување на воспалителни процеси, регулирање на варењето, отстранување на масните наслаги, отстранување на ревматски тегоби и кожни алергии.

Свежиот сок содржи многу лековити состојки, па затоа е одлично средство за чистење на црниот дроб, а исто така помага да се исфрли уринската киселина од телото.

Фото: Pexels