Грицкајте ф’стаци, добри се за видот, за варењето, го регулираат холестеролот

Постојат многу причини да ги вклучите ф'стаците во вашата исхрана, ако веќе не сте го направиле тоа! Контрола на телесната тежина, подобар холестерол и поздрави црева се само некои од нив.

0
220

Ф’стаците не само што се вкусни, туку содржат и многу корисни елементи како што се влакна, протеини, јаглехидрати, здрави масти, калиум, фосфор, витамин А, витамин Б6, бакар и манган. Тие имаат помалку калории од многу други јаткасти плодови. Се препорачува да се јаде една порција ф’стаци на ден. И не заборавајте, подобро е ако се несолени.

Го намалуваат нивото на холестерол во крвта

Ф’стаците се исто така богати со антиоксиданти кои помагаат да се заштитат клетките од слободните радикали. Благодарение на овие антиоксиданти, овие јатки се добри за оние со висок холестерол.

Добри се за вашите очи

Други корисни елементи скриени во ф’стаците се лутеинот и зеаксантинот кои добро влијаат на здравјето на вашите очи. Тие можат да ги намалат шансите за развој на проблеми со видот, како и дегенерации на макулата и катарактата поврзани со возраста.

Добри се за вашиот дигестивен систем

Бидејќи ф’стаците се богати со растителни влакна, тие се добри и за вашиот дигестивен систем. Влакна се потребни за да се одржат здрави клетките на дебелото црево и да се спречат дигестивните нарушувања како што е запекот. Покрај тоа, истражувањата покажале дека конзумирањето на ф’стаци може да го подобри составот на цревната микрофлора.

Поттикнуваат слабеење

Јаткастите плодови се одлични за слабеење. Ако ги јадете редовно, добивате поголема контрола и помага да се спречи дебелеењето. Некои истражувања сугерираат дека луѓето кои јаделе ф’стаци како ужинка имале намален индекс на телесна маса во споредба со луѓето кои јаделе некои други грицки.

Нивото на шеќер е во рамнотежа

Мала група луѓе учествувале во студија во која белиот леб, богат со јаглени хидрати, бил комбиниран со ф’стаци. Се покажало дека ф’стаците го намалиле високиот шеќер во крвта по конзумирањето на леб.

Фото: Pexels/Pixabay