Ако сакате да заштедите време и ако имате деца и семејства кои секогаш сакаат да каснат нешто слатко или се обожаватели на колачиња со чаша млеко, тогаш ова се вистинските рецепти за вас.
Мешавините можете да ги чувате на темно и ладно место или во фрижидер. Кога ви требаат брзи колачиња, само измешајте ги путерот и јајцата и додадете ги во една од овие мешавини. Потоа треба да ги обликувате колачите како сакате и да ги испечете во рерната.
Со парченца чоколадо
Состојки:
3/4 чаша (250 ml) кафеав шеќер
1/2 чаша бел шеќер
1/4 чаша какао во прав
1/2 чаша грубо сечкани ореви
1 чаша мали парчиња чоколадо
1 ¾ чаша брашно
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за пециво
Прстофат сол
Тегла од 950 ml
Приготвување:
Измешајте го брашното со сода бикарбона, прашок за пециво и сол. Ставете ги сите состојки по редоследот како што се наведени во слоеви, во теглата, затворете ја и чувајте ја додека не дојде време да ги направите колачите.
А тогаш само измешајте ја со 170 гр путер, 1 јајце и 1 ванилин шеќер (по желба). Измешајте ја содржината на теглата во еден сад, па додадете ги путерот и јајцето. Измешајте сè (малку со миксер, малку со вашите раце) додека не се соединат состојките. Обликувајте ги топчињата и наредете ги во подмачкана тава на растојание од околу 5 см. Печете ги на 180С 10-15 минути.
Суво грозје и житарки
Состојки:
1 чаша брашно
1 лажичка цимет
1/2 лажичка морско оревче (по избор)
1 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка сол
3/4 чаша суво грозје
2 чаши овесни снегулки
3/4 чаша кафеав шеќер
1/2 чаша бел шеќер
Тегла од 950 ml
Приготвување:
Брашното измешајте го со цимет, морско оревче, сода бикарбона и сол. Ова ќе биде првиот слој во теглата – на дното. Следно ставате, во слоеви, суво грозје, овесни снегулки, кафеав шеќер и бел шеќер. (Доколку е потребно, притиснете малку за да ја собере мешавината во теглата).
Подготвувате исто како и претходните колачиња со 170 гр путер, јајце и ванила.
Колачи од кокос и какао
Состојки:
150 грама брашно
2/3 чаша кафеав шеќер
1/3 чаша какао во прав
1/2 чаша парчиња чоколадо)
Малку сол
2/3 чаша бел шеќер
1/2 чаша кокос
1/2 чаша сечкани ореви, лешници или сушена брусница
Тегла од 950 ml
Приготвување:
Наполнете ја теглата со состојките во слоеви по наведениот редослед. За да ги направите колачињата, изматете 3 јајца со 2/3 чаша масло и 1 ванилин шеќер. Додадете ја смесата од теглата на ова. Добро измешајте и ставете ја смесата во подмачкан плех со димензии од 23 × 23 см и печете половина час. Кога ќе се олади исечете ги на коцки.
Микс со житарки
Состојки:
1/2 чаша кафеав шеќер
1/2 чаша бел шеќер
3/4 чаша пченични никулци
1/3 чаша овесни снегулки
1 чаша суво грозје
1/3 чаша брашно од кокос
1/2 чаша сечкани ореви
3/4 чаша брашно измешано со 1 лажичка прашок за пециво
Приготвување:
Наредете ги сите состојки во тегла од 950 ml како што се наведени. За колачите, прво треба да измешате пола чаша омекнат путер и 1 јајце и додадете во смесата како во првите два рецепти.
Фото: Pixabey