Некои велат дека мисиркиното месо има предност над пилешкото и во себе содржи 20% помалку калории и 75% помалку масти, а двојно повеќе витамин Б, железо и цинк.
Исто така содржи повеќе протеини од другите видови месо и е доста вкусно. Кај нас сепак е попопуларно пилешкото од едноставна причина што мисиркиното многу ретко се наоѓа. Ама затоа тука се нашите читатели од странство кој со задоволство ги споделуваат со нас убавите фотографии од своите трпези.
Особено оние од брзите, вкусни и здрави рецепти.
Еве една супер идеја за брз ручек од нашата читателка Марина Луетиќ од Загреб.
Рижото со вргањ и стекови од мисирка, свеж магдонос и кисело цвекло. Вкусно, нели?