Се проценува дека просечна личност годишно внесува во организмот најмалку 50.000 честички микропластика и исто толку вдишува, стои во првата студија која се занимава со проценка колку пластичен отпад несакајќи внесуваме во организмот.
Се претпоставува дека точниот број е многу поголем, поради ограничената количина прехранбени артикли кои истражувачите ги анализирале. Научниците истакнуваат дека најмногу микропластика внесуваме во организмот ако постојано пиеме вода од пластични шишиња.
Моментално не се познати ефектите од микропластиката врз здравјето, но постои можност за отпуштање на штетни хемиски соединенија во човечкиот организам затоа што некои делови од пластиката кои се доволно истинети можат да го пробијат ткивото и да предизвикаат алергиски реакции.
До загадување со микропластика доаѓа преку дробење и ситнење на пластиката на големина на зрнца од песок, и може да се пронајде по целата планета. Научниците секаде нашле присутност на микропластика: во воздухот, во земјата, реките и најдлабоките делови од океанот.
Нашле присуство на пластика во флашираната вод и водата од чешма, во морските плодови и во пивото, а минатиот месец (октомври), првпат нашле примероци од микропластика во човечка столица, па така потврдиле дека доаша до контаминација.
За нова студија објавена во Journal of Environmental Science and Technology, земени се податоци од шест претходни истражувања кои ја мереле количината на честички микропластика во рибите, школките, шеќерот, солта, пивото, водата и во воздухот во градовите
Научниците ги користеле прехранбение упатства на владата на САД за да може да се пресмета колку честички пластика јадат луѓето во годината. Проценуваат дека просечна возрасна личност изедува околу 50.000 честички на микропластика, а дете околу 40.000.
Повеќе преханбени производи и напитоци не се испитани, истражувањето било ограничено само на 15 % калоричен внес. Не знаеме дали имаме голема дупка во податоците кои уште мора да ги исполниме“, вели водителот на истражувањето Киеран Коксат од универзитетот Викторија во Канада.
Постои можност дека и останатите прехранбени производи како што се леб, месни и млечни преработки содржат еднакви количини пластика. „Многу е веројатно дека во овие артикли ќе има голема количина честици пластика. Би можела да достаса стотина илјади? Најдобри и најдостапни податоци кои ги имаме за загадувањето со микропластикаmo се однесуваат на водата. Флашираната вода содржи 22 пати поголема количина микропластика од онаа вода кија доаша од славината. Лице кое пие само флаширана вода, само д тоа внесува во организмот 130.000 честички микропластика годишно, а оние кои пијат вода од славина – 4 илјади.
Научниците не знаат што се случува со вдишување на микропластика, но веруваат дека повеќето од вдишаните честички остануваат во телото и не се исфрлаат со кивање или кашлање. Исто така, се проценува дека микропластичните честички што се наоѓаат на оброкот можат да го зголемат процентот на консумирана пластика за десетици илјади честички кои годишно ги внесуваме во организмот.
Стефани Рајт, од Кралскиот Колеџ во Лондон, која не била вклучена во истражувањето, вели: „Тековните проценки за количината на честички на микропластика се релативно ниски во споредба со другите честички. На пример, се проенува дека со просечна исхрана во ападните земји се внесуваат милијарди честички на титаниум диоксид. Но, не знаеме каков ефект имаат малите количини на микропластика на организмот“.
Фото: Pixabey