Ги исфрла мастите од телото, а токсините од цревата

Овој пијалак е спас за оние кои сакаат да ја зачуваат младоста и витката линија: Ги исфрла мастите од телото, а токсините од цревата, а ние го имаме рецептот

0
4043
Фото: Unsplash

Овој пијалак е полн со антиоксиданти и помага при слабеење. Започнете го секое утро со овој напиток и ќе видите како се менува вашето тело!

Состојки:

1 лажичка чиа семе (5 г)
една и пол чаша вода (300 мл)
1 лимон

1 лажица мед.

Приготвување:

Во 100 мл вода ставете чиа семе и оставете го да отстои еден час. Потоа исцедете го сокот од лимон и измешајте го со чиа семето. Додадете ја преостанатата вода и медот.

Овој хранлив напиток пијте го секое утро пред појадок.

Овој пијалак е полн со антиоксиданти и помага при слабеење.

Чиа семето содржи 5 пати повеќе калциум од млекото; има повеќе антиоксиданти од боровинките; 3 пати повеќе железо од спанаќот; содржи многу повеќе влакна од овесните снегулки; голем број на протеини.

Придобивките од овој пијалак:

1. Предизвикува ситост и помага во регулирање на апетитот

2. Помага да го храниме нашето тело со витамини и минерали

3. Спречува предвремено стареење

4. Го подобрува варењето

5. Помага во борбата против вишокот килограми

И лимонот и чиа семето се природни антиоксиданти кои ќе помогнат да се исчисти телото од токсини, да се отстранат резервите на маснотии од телото; тој е добар диуретик и се бори против опстипација.

Водата со чиа семето создава гел кој го исполнува желудникот и потоа го стимулира варењето и го чисти целото тело.