Николина Стојчева од Македонска Каменица ни го испрати рецептот за овие вкусни гамби полнети со фил од урда и мелени ореви, „запечатени“ со маслинки и наредени во тегли.
Состојки:
5 кг мали пиперчиња (гамби)
5 л вода
250 г шеќер
250 г сол
1 л оцет
За филот:
Урда
мелени ореви
сол
Приготвување:
Се чистат пиперчињата (со специјално ноже).
Од солта, шеќерот, оцетот и водата се прави пресол и се преливаат гамбите. Треба да стојат во ладен пресол 24 часа.
Потоа се плакнат со ладна вода и се цедат.
Се полнат со мешавина од урда, мелени ореви и сол по вкус. Се притиска убаво за да бидат тврдо полнети.
Потоа се затвораат со маслинка или со магдонос. Се ставаат во тегли, се прелеваат со масло, се затвораат теглите и се ставаат во големо тенџере со вода. Се провриваат 5 минути и се оставаат во водата.