Вргањ: ги уништува клетките на рак на дебело црево, ублажува воспаленија и добар е за слабеење

Едно од најимпресивните својства на вргањот е неговото потенцијално делување на ракот на дебелото црево. Всушност, некои студии откриле дека овие печурки содржат можни соединенија кои можатда ги уништат клетките на ракот.

0
595

Вргањот има малку калории, но е богат со бројни важни хранливи материи, вклучувајќи гии протеините, дителаните влакна и железото.

28 г сув вргањ содржат приближно:

105 калории, 14 г јаглени хидрати, 7 г протеини, 0 г масти, 7 г диетални влакна, 5 мг железо (28% од дневно препорачаната доза)

Покрај наведените нутриенти, вргањот содржи и витамини A и C, како и калциум.

Корисни својства на вргањот

Помага за симнување на вишокот килограми.

Вргањот има малку калории, а е преполн со протеини и влакна, затоа е непроценлив за симнувањето на вишокот килограми.

Влакната се движат низ гастроинтестиналниот тракт несварени, го поттикнуваат чувството на ситост и го држат апетитот под контрола.

Од дру, протеините можат дапридонесатза процесот на слабеење на неколку начини. Го намалуваат нивото на одредени хормони кои го стимулираат чувството на глад, го јакнат метаболизмот и го намалуваат внесувањето на калории.

При варењето на протеини се трошат повеќе калории отколку што е тоа случај со јаглените хидрати и мастите, што значи, кога консумирате намирници богати со протеини, како што е вргањот, на крајот ќе ви останат помалку употребливи калории отколкушто е тоа случај со намирниците богати со масти или јаглени хидрати.

Го ублажува воспалението

Хроничните воспаленија се поврзани со бројни здравствени проблеми, од ревматоиден артритис и астма до пептички улкус. Се покажало и дека придонесва за развојот на хроничните болести, како што серакот и срцевите болести.

Некои студии откриле дека вргањот содржи можни антиинфламаторни агенси, кои можатда помогнат за ублажување на симптомите на некоизаболувања поврзани со воспаленијата.

Во студијата на животни од 2016. година, објавена во Американскиот журнал за транслациони истражувања, на пример, глувците се лечени со екстракт од вргањ и се дошло до откритие дека маркерите за воспаленијасе намалиле, како и инфламаторниот одговор порзан со астмата.

Може да ги уништи клетките на рак на дебело црево

Едно од најимпресивните својства на вргањот е неговото потенцијално делување на ракот на дебелото црево. Всушност, некои студии откриле дека овие печурки содржат можни соединенија кои можатда ги уништат клетките на ракот.

Испитувањето инвитро, кое е објавено во списанието Храна и функција, покажало дека екстрактот од вргањ може да предизвика клеточна смрт на хуманиот канцер на дебело црево. И други студии дошле до слични откритија, па е објавено дека соединенијата кои се наоѓаат во вргањот можатда го запрат растото и размножувањето на клетките на ракна дебело црево.

Покрај тоа, вргањот е намирница со високасодржина на влакна, па може да делува како заштита од колоректален канцер. Неколку студии дошле до откритие дека зголеменото внесување влакна може да се поврзесо намалување на ризик од настанувањето на колоректален канцер.

Има висока содржина на антиоксиданси

Вргањот има висока содржина на антиоксиданси, соединенија кои ги неутрализираат слободните радикали иго спречуваат оштетувањето на клетките.

Полска студија откриледека вргањот има висока содржина на бројни антиоксиданси, вклучително и бета каротен, аскорбинска киселина и ликопен.

Антиоксидансите можатда го намалат оксидативниот стрес кој се поврзува со насобирањето на слободни радикали, па дури и да го намалат ризикот од настанување на некои болести во кои спаѓаат инфламаторните пореметувања ако срцевите болестии канцерот.

Покрај вргањот, тука се и други намирници богати со антиоксиданси, вкулучувајќи го и зрнестото овошје, артичоките, црното чоколадо и гравот.

Го подобрува здравјето на органите за варење

Благодарение на високата содржина на влакна, вргањот може да го подобри здравето на органите за варење, да спречи констипација и да влјае на редовната столица.

Влакната се движат низ системот за варење, додаваат маса на столицата и го олеснуваат нејзиното исфрлање, со што ја заблажуваат констипацијата. Анализата на пет студии, покажуваат дека диеталните влакна се делотворни за зголемување на зачестеноста на столицата кај лицата кои страдаат од констипација.

Во меѓувреме, други студии откриле и тоа дека зголеменото внесување на диетални влакна може да биде корисно кај некои заболувања кои влијаат на системот за варење, вклучувајќи го и гастроезофагеалниот рефлукс, дивертикулитис и пептички улкус.

Одличен извор на протеини

28 г сушен вргањ содржи импресивни 7 г протеини, што е приличен процент од дневните потреби за протеини и тоа во само една порција.

Поради месниот, богат вкус, вргањот може да биде корисен додаток во вегетаријанските или веганските јадења, кој обезбедува не само подобарвкус, туку и доста протеини и железо.

За зголемување на внесот на протеини, покрај вргањот, добри се и месото, живинското месо, мешунките, јајцата и јаткастите плодови.

Овие печурки се преполни со железо, влакна и антиоксиданси. Имаат и висока содржина на протеини, како и месен, покамтен вкус, штого прави совршен додаток на вегетаријанските и веганските јадења.

Покрај тоа, вргањот е добар за здравјето и може да го подобри функционирањето на системот за варење, да го поттикне слабеењето, да го ублажи воспалението, па дури и да ги убие клетките на ракот на дебело црево.

Фото: Pixabey