Во месецот посветен на машкото здравје, со исхрана против ракот на простата

Многу студии препорачуваат медитеранска исхрана како облик на превенција од карцином на простата и адекватен внес на цинк. Потребно е да се јадат масло и семки од тиква, чај од коприва, како и сок од домати и сок од калинки.

0
611

Неколку студии ја утврдиле директната поврзаност помеѓу болестите на простатата и начинот на исхрана.

Непожелни навики кога станува збор за здравје на простатата се:

Внесување на голем процент на масти од животинско потекло

Внесување на црвено месо во комбинација со мало консумирање на риба, овошје и зеленчук

неумерено уживање во алкохол

висок внес на едноставни и рафинирани шеќери

Многу е важно одржувањето на нормална телесна маса. Имено, студиите покажале дека дебелите мажи кои имаат БМИ (индекс на телесна масапоголем од 32 почесто заболуваат од овој облик на карцином и развиваат поагресивен облик на карцином при што стапката на смртност е повисока дури за 35 отсто во однос на поединци со нормана телесна маса.

Каква исхрана е потребна за да се зачува здравјето на простатата?

Цинкот се покажал како клучен минерал во машкото здравје.

Хипертрофијата (зголемувањето) на простатата може да биде намалена или забавена со адекватен внес на минералот цинк. Докажано е дека клетките на зголемената простата содржат помалку цинк отколку што е тоа вообичаено!

Многу студии препорачуваат медитеранска исхрана како облик на превенција од карцином на простата.

Медитеранските намирници содржат во себе значителни количини на цинк. Особено ако се храниме со остриги, морски плодови, риба, интегрални житарки, мешунки, ореви, семки од тиква. Витаминот Е и некои масни киселини (омега-3) присутни во сината и помасна риба (туна скуша, сардели, инлуни, лосос) се корисни кај заболувањата на простатата, со оглед на тоа што со своето дејствување спречуваат дополнителни воспаленија.

За здравје на простатата потребно е да се јадат масло и семки од тиква. Исто така, се препорачува и чај од коприва (екстрактот од корен на коприва делува благотворно кај хипертрофијата на простатата), како и сок од домати кој содржи ликопен, познат како силен природен антиоксиданс.

Уште еден сок се истакнува како баготворен и лековит кога станува збор за простатата, а тоа е сокот од калинка.

Во стручното списание „Proceedings of National Academy of Sciences (2005.) објавена е студија која зборува за хемопревентивното и хемотерапиското дејство на сокот од калинки врз клетките на карциномот на простата.

Фото: Pexels