Вкусно и евтино: Рецесискиот готвач на госпоѓа Клер

Клер Канучиари ја преживеала Големата депресија, а во 91.година од животот станала јутјуб ѕвезда. Своите евтини и здрави рецепти, им ги оставила на идните генерации на нејзиниот Јутјуб канал, кој токму сега, во оваа нова рецесија, е вистинското време да го посетите.

0
422

Гозба за сиромашните, салата од глуварче или рецесиски појадок се само некои јадења што Клер Канучиари од американската сојузна држава Илиноис ги подготвувала со незначителни финансиски средства, но со големо задоволство.

Г-ѓа Клер, од семејство на доселеници од Сицилија, е почината, но нејзиниот Јутјуб канал останува со мноштво рецепти за кои не се потребни многу пари, па сега, со оглед на новата рецесија во која светот се втурна заради пандемијата на коронавирус, е корисно да се разгледа.

Идеите за своите оброци, г-ѓа Клер ги имала од своето детство за време на Големата депресија. Видеата објавени на нејзиниот канал „Јутјуб“ ги снимал  нејзиниот внук, инаку филмски режисер Кристофер Канучиари.

Првата епизода од нејзиното кулинарско рецесиско шоу, Клара ја снимила кога имала 91 година, а покрај вкусните и евтини рецепти, гледачите можат да научат нешто и за животот за време на Големата депресија што ги зафати Америка и светот помеѓу 1929 и 1933 година.

Г-ѓа Клер, исто така, оставила зад себе книга со рецепти и раскази наречена „Кујната на Клер: мудрост, сеќавања и рецепти од големата депресија“, и издадено е ДВД со нејзините рецепти.

Г-ѓа Клер се пензионирала веднаш по нејзиниот 96 роденден и починала две години подоцна, во 2013. година. Последното видео е објавено на 18 април 2019. година (тоа бил рецепт за пржена риба), но нејзиниот внук сега најавува и претходно необјавен материјал и нови рецепти, бидејќи интересот за евтина и здрава кујна повторно порасна.