Иако не е најздрава опција. понекогаш сите доаѓаме во ситуација кога треба нешто набрзина да направиме, а пржењето е еден од побрзите начини. Исто така, нема повкусна варијанта од онаа на пржени пиперки. Арно ама, сигурно ве нервира прскањето на маслото и нередот кој го прави наоколу. Има ли некое чаре за ова?
Како да ги намалите прскењето на маслото додека пржите храна?
Прскањето на маслото се случува кога влагата во храната доаѓа во контакт со врело масло. Затоа, прво добро исушете ја храната пред да ја ставите во тава со загреано масло. Исто така, изберете што е можно подлабока тава за да избегнете прскање масло на шпоретот.
Кога ќе истурите масло во тавата, додадете малку сол или цимет пред загревањето и така ќе го намалите прскањето на маслото за време на пржењето.
Фото: Pixabey