Во големото истражување објавено во списанието „British Medical Journal“, во кое се проучувале 48 илјади луѓе во период од 18 години, вегетаријанците и веганите вклучени во истражувањето имале десет случаи помалку коронарни срцеви болести на 1000 луѓе кои јаделе месо, но и три случаи повеќе мозочни удари. Истражувањето ги анализирало податоците од истражувањето EPIC-Oксфорд, долгогодишен научен проект кој се занимавал со навиките во исхраната и здравјето.
Половина од испитаниците во студијата јаделе месо, нешто повеќе од 16.000 биле вегетаријанци или вегани, а 7.500 пескетаријанци, луѓе кои јадатриба. За истражувањето биле земени предвид и нивните здравствени анамнези, пушењето и физичката активност.
Кај пескетаријанците се забележани 13 отсто понизок ризик од коронарни срцеви болести во однос на ониекои јаделе месо, додека вегетаријанците и веганите имае 22 отсто понизок ризик. Но вегетаријанците и веганите имале 20 отсто повисок ризик од мозочен удар.
Научниците сугерираат дека тоа би можелода биде поврзано со нивко ниво на витаминот Б12, но исто така истакнуваат и дека за утврдување на таквата поврзаност се нужни натамошни истражувања.
Запрашан дали таа студија докажува дека вегетаријанската и веганската исхрана се нездрави, доктор Франки Филипс од британското здружение на диететичари вели дека смета дека не се, затоа што овде станувало збор за такамаречена студија нанабљудување, а не причинско-последична но сеак ја истакнува важноста од разновидна исхрана.
„Пораката за сите е дека е разумно да се има добро испланирана исхрана и да се јаде разновидна храна“, вели тој.
Фото: Pixabey