Вегетаријански протеински појадок идеален за слабеење

Повеќето луѓе без проблеми почнуваат да ги симнуваат вишокот килограми кога ќе го сголемат внесувањето на протеини. Причината за ова лежи во тоа што на телото му треба повеќе време да ги разгради, свари и искористи протеините. Со самото тоа, телото троши повеќе калории.

0
1142

Појадокот богат со протеини ќе ви ибезбеди довона количина енергија која ви е потребна за извршување на секојдневните задачи.

Повеќето луѓе без проблеми почнуваат да ги симнуваат вишокот килограми кога ќе го сголемат внесувањето на протеини. Причината за ова лежи во тоа што на телото му треба повеќе време да ги разгради, свари и искористи протеините. Со самото тоа, телото троши повеќе калории.

Првата асоцијација за протеини се јајцата и пилешкото месо. Меѓутоа, многу житарки и зеленчук, особено мешунките, содржат повеќе протеини отколку животинските намирници. Имено, растителните протеини не содржатмаст, и се и здрави и вкусни. Еден од главните извори на протеини кај веганите и вегетаријанците е киноата. Оваа намирница e чист протеин и содржи магнезиум, калциум и витамин Е и Б.

Киноата обично се користи во солени јадења како додаток во зеленчукот или во салати, но одличн ди и вослатки варијанти. На пример, како состојка за здрав протеински појадок.

Состојки:

1 шолја киноа

2 шолји млеко по ваш избор (може да биде кравјо, но може и растително, од соја или од ориз)

2 лажици чиа семе

2 видови овошје по избор

Мед по вкус

Приготвување:

Ставете ги во тенџере киноата, млекото и чиа семето, варете 5 минути на најсилно, а потоа намалете ја температурата, ставете капак и оставете да се вари уште 15 минути, додека киноата не омекне.

Кога ќе биде готова, префрлете ја во сад, додадете исечкано овошје по ваш озбор и заблажете со мед по ваш вкус и додадете јаткасто овошје.

Фото: Pexels