Вегански лимон бомбици

Вкусни бомбици без јајца, млеко и печење. Се прават за 10 минути, се јадат без грижа на совест

0
417

Овие бомбици се идеални за пролет и лето, лесни, ароматични и брзи.

За нив не ви треба ниту грам шеќер. Сите состојки се природни, здрави и вкусни, а нивната комбинација е полн погодок ако сакате да направите вкусен десерт за само 10 минути.

Состојки:

½ чашa индиски ореви

½ чаша бадеми

1 лимон – сок и кора од лимон

2 лажици мед

¾ чаша путер од кокос

Трошки од кокос за обложување на топчињата.

Приготвување:

Ставете ги сите состојки, освен брашното од кокос, во блендер и промешајте додека не добиете изедначена смеса.

Од добиената мешавина, направете топчиња и извалкајте ги во кокосовите трошки. Оставете да отстојат во фрижидерот и уживајте во овој здрав и вкусен вегански десерт.

Рецептот е прилагоден од ТУКА.