Тестото за вафли се прави лесно и брзо. Ние го испробавме за првпат новиот апарат за вафли – вкусни и идеални за било кој период од денот. Секако, можат да се јадат во различни комбинации – со мед и цимет, со мармаладот од шипки на госпоѓа Мирјана Ангелеска или со оние превкусни намази „Леска“ на нашиот пријател Пеце Клечкароски од Струга.
Состојки:
4 јајца
300 мл масло
300 г шеќер
кора од еден лимон
250 мл млеко
600 г брашно
1 прашок за пециво
Приготвување:
Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер, па полека додавајте ги останатите состојки. Добро соединете ги сите состојки, ставајте по 2 полни лажици тесто во загреаниот апарат и за кратко време ќе добиете вкусни вафли во форма на срце.