Васаби: азиска супер храна

Васаби е храна што генерално ја знаеме во облик на зелена лута паста која доаѓа во пакет со азиската храна. Инаку, васаби е корен и се смета за една од најздравите намирници. Дознајте повеќе ...

0
282

Васаби се користи во Азија со векови како лек за многу болести. Се верува дека ги убива штетните бактерии од храната, го намалува нивото на крвниот притисок, ја подобрува јачината на коските, ја подобрува функцијата на црниот дроб, го чисти организмот од слободни радикали, ја поттикнува работата на цревата и поседува антивирусни и антибактериски својства.

До 1908 година, васаби беше целосно непозната намирница за западниот свет, само скромно е спомната во одделни ботанички книги. Забележан е дури по Втората светска војна, дури и тогаш е споменуван само како додаток на храната, а за неговите лековити својства не станувало збор. Неговата првобитна намена била да ја спречи контаминацијата со бактерии на рибите кои се транспортирале од брегот на Јапонија кон градовите.

Бидејќи васаби е многу важна намирница за Јапонците, тие им ја претставиле на сојузниците, но на начин што го направиле од рен, претпоставувајќи дека странците нема да ја знаат разликата. Токму таков васаби кој уште тогаш бил дизајниран за западните земји се користи и ден денес.

Лековити својства

Васаби е многу богат со хемикалија позната како изотицијанат, истата онаа што ја има во брокулата и зелката, која има антиканцерогени својства. Оваа хемикалија дејствува такашто ги активира ензимите на црниот дроб кој ги прочистува супстанциите задолжени за настанок на рак. Антоцијанините исто така влијаат и на веќе настанатите метастази, а да не ги оштетуваат здравите клетки на организмот.

Истите тие хемикалии помагаат и при намалување на воспалителните процеси во организмот, а многу истражувачи се надеваат дека васаби во иднина би можел да се користи како многу ефектно средство против болести како што се артритис, астма и алергиски реакции, но потребни се многу повеќе истражувања на таа тема. .

Бидејќи васаби ја спречува агрегацијата на тромбоцити, се верува дека може во голема мера да го намали ризикот од срцев и мозочен удар што обично ги предизвикуваат згрутчувањата.

Истражувањата покажале дека покрај сето ова, васаби има антибактериски својства и докажано е дека може да го спречи растот на бактерии предизвикани од труење со храна. Истражувањата биле толку уверливи што одделни производители произвеле антибактериски сапуни за раце кои содржат васаби. Исто така, се верува дека васаби може да го спречи растот на бактериите кои предизвикуваат забен кариес.

Како се користи васаби

Како што веќе споменавме, западниот свет со децении користи васаби, што е направено од рен, сенф и боја за храна без воопшто васаби и тоа од причина што васаби е растение кое е многу тешко за одгледување, па е и многу скапо. Само некои ексклузивни ресторани во Јапонија служат вистинско васаби и ќе ви го послужат само по специјално барање. Ако сакате да користите васаби за здравје, обидете се да го пронајдете вистинското растение преку интернет.

Фото: Freepik