Брусниците го чуваат здравјето на желудникот и помагаат при уринарни инфекции

Меѓу сувото овошје, брусницата спаѓа во редот на оние исклучително богати со антиоксиданси

0
232

Брусницата потекнува од Северна Америка. Во народната медицина, честа е употребата на нејзините сушени плодови во заштитата на здравјето и лекувањето на воспаленија на уринарниот систем. Ова дејство може да се должи на проантоцијанидини со специфична структура кои спречуваат лепење на патогени бактерии (на пр. Ешерихија коли) на слузницата на тие органи (на пр. мочниот меур).

Врз истиот принцип, брусницата го зачувува здравјето на желудникот и дванаесетпалачното црево, заштитувајќи ги од патогената бактерија Хеликобактер пилори, која често предизвикува чиреви. Исто така е кисела, што дополнително ја нарушува активноста на патогените бактерии. Меѓу сувото овошје, брусницата спаѓа во редот на оние исклучително богати со антиоксиданси. Тоа се антоцијанини, флавоноиди, проантоцијанидини, танини, фенолни киселини и други. Флавоноидите, катехините, цинаминските киселини и антоцијанините се сметаат за моќни антиоксиданти кои спречуваат оксидативни оштетувања предизвикани од активност на слободните радикали.

Консумирањето брусница помага во спречување на рак на дебелото црево и леукемија. Покрај тоа, таа обезбедува заштита од кардиоваскуларни болести. Исто така помага за да се намали концентрацијата на вкупен и лош ЛДЛ холестерол во крвта. Исто така, неговите проантоцијанидини, катехини, цинамински киселини и флавоноли се врзуваат за ЛДЛ холестеролот, спречувајќи ја неговата оксидација иницирана од тешки метали. Важно е да се напомене дека брусницата помага во заштита од грипот и го нарушува развојот на некои видови габи. Вредноста на активните супстанции од брусницата е препознаена од фармацевтската индустрија, а денес на пазарот има разни производи со активни материи од брусница наменети за заштита на забите.

Имено, резултатите од научните истражувања потврдуваат дека флавонолите и проантоцијанидините од брусницата имаат антиинфламаторно дејство врз непцата, а влијаат и на микрофлората во устата. Со своето дејствување тие спречуваат развој на несакани бактерии и формирање кариес. Брусницата често се додава во месните сосови, во комбинирани прилози, салати, компоти и десерти.

Фото: Pexels