Брокула: Од здрав поздрав, ако не и најздрав зеленчук

Брокулата, како и сличните зеленчуци, вклучувајќи ги тука кељот и карфиолот, содржи големо количество на сулфурофан. Се работи за состојка од растително потекло која има способност да ги неутрализира канцерогените клетки.

0
894

Брокулите содржат двојно поголема количина витамин Ц од портокалите. Витаминот Ц го помага искористувањето на железото, ја превенира појавата на катаракта, ги олеснува симптомите на настинка и ја засилува општата одбранбена способност на организмот. Брокулите содржат и витамини од Б групата, посебно Б3, Б5 и фолна киселина која го поддржува растот на ткивата на фетусот.

Во брокулите има доста калиум, кој го регулира високиот крвен притисок, а лесно апсорптивната форма на калциум содржана во овој зеленчук го помага развојот и здравјето на коските. Од минерали содржи уште и фосфор, железо и хром. Големата количина влакна ја поттикнува функцијата на системот за варење и го намалува холестеролот во крвта.

Последните години, главното внимание е усмерено на три моќни антиоксиданси содржани во брокулите – пред сѐ на индол, кој превенира хормонски зависни канцери (на дојка и на простата). Тој ги потпомага т.н. добри хормони кои се борат против деструктивните. Сулфорафанот има слично и превентивно, и тераписко дејство.

Индиректен антиоксиданс е, односно, го потпомага антиоксидантното дејство на слични материи (витаминот E, коензим Q10), ги превенира кардиоваскуларните болести и стресот. Има продолжено дејство и отпорен е на топлина, но не е отпорен на стареењето на брокулите.

Овој зелнчук го содржи и добро познатиот антиоксидант бета каротен, кој го забавува оштетувањето на клетките предизвикано од слободните радикали.

Фото: Pixabey