Брокулата може да ви го спаси животот

За да го подобрите вашето здравје, потребен ви е само еден вид зеленчук, а тоа е - брокула. Се препорачува да ја јадете сирова, бидејќи термичката обработка уништува нејзините добри својства.

0
448

Нутриционистите се согласни дека брокулата е една од најздравите намирници на светот.
Овој зеленчук ја зголемува концентрацијата на добри бактерии во цревата, што помагаат во зајакнувањето на имунитетот и го подобруваат здравјето на цревата.
Брокулата припаѓа на зелјестиот зеленчук, семејство зеленчуци што ги вклучува и кељот и карфиолот, зелката и други зелени зеленчуци.

Богати се со витамини и имаат малку калории. Овие зеленчуци се ценети поради нивната корисност во борбата против ракот, особено против ракот на белите дробови и цревата.
Научниците откриле дека сулфорафанот, компонента што содржи сулфур која му дава на овој зеленчук малку горчлив вкус, може да го инхибира ензимот одговорен за прогресија на клетките на ракот.

Помалиот внес на витамин К е поврзан со поголем ризик од фрактури на коските. Само една чаша сечкана брокула содржи 92 микрограми витамин К, многу повеќе од дневната потреба на нашето тело за овој витамин.
Конзумирањето на потребната количина на витамин К ја подобрува состојбата на коските со тоа што помага во апсорпцијата на калциум и го намалува излачувањето на калциумот преку урината.

Брокулата, исто така, придонесува за нашите дневни потреби за калциум затоа што во една чаша има дури 43 милиграми.

Фото: Unsplash