Одвојте еден час за да подготвите бродет од октопод. Подготовката е едноставна, само прво треба да набавите октопод.
Состојки:
1 кг октопод
2 главици кромид
200 г лупени домати
100 мл црвено вино
малку лута црвена пиперка
2 ловорови лисја
100 мл маслиново масло
3 чешниња лук
сол, црн пипер
Приготвување:
Ставете го исчистениот октопод во тенџере на тивок оган околу 15 минути, октоподот не треба да биде во вода, туку на суво. Ќе ги пушти своите сокови. Кога ќе омекне извадете го и оставете го на страна додека не се олади за да го исечкате. Додадете масло и сечкан кромид во неговиот сок. Динстајте, додадете лук, излупени домати и исечениот октопод. Кога ќе зоврие, додадете го виното, додадете го лутиот пипер и оставете да се динста на тивок оган околу еден час и 15 минути.
Можете да го јадете така, со леб и со салата или да го послужите со палента.