Брз ручек кој го зајакнува имунитетот и штити од вируси

Супа богата со цинк и селен се прави од сладок компир, кари, ѓумбир, бадеми ...

0
427

Најважните минерали за зајакнување на имунитетот се цинк и селен, а ние најдовме одличен рецепт за необична ориентална супа од сладок компир што го зајакнува имунитетот:

Состојки:

1/2 шолјичка кокосово масло
6 чешниња лук
1 лажица сечкан ѓумбир
1 кромид, сечкан
1/2 шолја сечкани бадеми
2 лажици куркума во прав
2 лажици кари во прав
2 црвени пиперки, крупно исечкани
1 кг сладок компир, излупен и исечкан
2 ловорови листа
6 шолји супа од зеленчук
сол и црн пипер

Приготвување:

Ставете ги кокосовото масло, лукот, ѓумбирот, кромидот, бадемите, куркумата и карито во поголемо тенџере. Измешајте сè добро, а потоа ставете на средна топлина додека состојките не омекнат (околу 5 минути).
Додадете ги црвените пиперки, слаткиот компир, ловоров лист, а потоа и супата (бујон) од зеленчук за да се покрие сè. Ако немате бујон, ставете вода.
Оставете да се крчка, намалете ја температурата и ставете капак.
Гответе на тивок оган околу 30 минути додека не омекне слаткиот компир. Извадете го ловоровиот лист од супата и остатокот измешајте го во блендер додека не добиете фина кремаста смеса.
Ставете го ловоровиот лист назад и варете уште 15 минути. Зачинете по вкус со сол и црн пипер.

Фото: Freepik