Состојки:
4 јајца
1 поголема тиквичка
1 морков
1 павлака
150 г рендан кашкавал
200 г сечкани маслинки
шолја ипол брашно (од 250 мл)
сол, црн пипер по вкус
1/2 прашок за печиво
Приготвување:
Не ви треба миксер. Во еден сад изрендајте ги тиквицата и морковот. Во друг сад изматете ги јајцата со рачна маталка, па додадете ја павлаката, а потоа полека додавајте ги брашното и прашокот за печиво. Додадете ги изренданиот зеленчук, кашкавалот и маслинките. Зачинете и ставајте од смесата во калапите.
Оваа смеса е доволна за два калапи за поголеми мафини.
Ние пола од смесата ставивме во калап за леб.
Поросете одозгора со семки и печете половина час во загреана рерна на 200 степени.