Состојки:
750 г брашно
1 прашок за пециво
2 лажици мед
1 лажиче сол
330 мл пиво по ваш избор (ние ставивме црно пиво)
50 г путер
Приготвување:
Прво вклучете ја рерната на 180 степени.
Измешајте ги брашното и прашокот за пециво, додадете го медот, солта и пивото и мешајте со лажица.
Ставете ја смесата во правоаголно тавче (со хартија за печење или подмачкано и набрашнето) и одозгора исечкајте го на тенки ливчиња путерот. Ставете го да се пече околу 35 минути.
Додека е топло не се сече убаво, но откако ќе се олади, нема да имате проблем со сечењето на кришки…ако издржите дотогаш.