Брз и лесен ручек од неколку намирници кои само што не овенале

Понекогаш на сите ни се случува да купиме повеќе намирници отколку што можеме да изедеме. Ако и вие најдовте во фрижидерот неколку подзаборавени и не толку свежи зеленчуци, можете да ги искористите на овој начин

0
255

Ако се сетите дека пред 2-3 дена сте купиле свеж спанаќ кои планиравте да го јадете како салата или да си го направите омилениот ручек – спанаќ, ориз и јајца на око потпечени во рерна, а некаде подлабоко во фиоката од фрижидерот се скрила и една тиквичка која само што не почнала да омекнува, време е за еден брз и лесен ручек. Ќе ги спасите намирниците и ќе имате вкусен ручек.

Значи, измијте го спанаќот и зовријте вода. Попарете го за да омекне, затоа што повеќе не е толку свеж за да го јадете во сосема сиров.

Потоа исцедете го од водата и исечкајте го. Ставете го во чинија. Во меѓувреме, тиквичката и морковот сварете ги кратко во вода, исечете ги на подебели парчиња и додадете ги кај спанаќот. Исечкајте многу млад лук, зачинете со сол, црн пипер, маслиново масло и сок од лимон и додадете неколку гранчиња свеж копар.