Овој леб не содржи ниту еден грам од кој било вид брашно, а преполн е со растителни протеини, витамини, минерали и влакна.
Ако сакате да ослабнете или едноставно сакате поздрава варијанта на леб, можете едноставно и брзо да го направите според овој рецепт.
Состојки:
90 г мелени ореви
90 г мелено ленено семе
90 г мелени семки од сончоглед
50 г мелени семки од тиква
50 г сусам
4 јајца
1 дцл вода
½ лажичка сода бикарбона
Сол по желба
Приготвување:
Соединете ги мелените семки и оревите, па додадете ги во смеса од изматени јајца, вода, сода бикарбона и сол.
Ставете хартија за печење во калап, па рамномерно ставете го тестото. Можете одозгора да поросите со цели семки од сончоглед и тиква, а можете да додадете и ким.
Печете го лебот околу 60 минути на 180 степени.
Кога ќе се испече, попрскајте го малку со вода и завиткајте го во крпа да отстои неколку минути.
Чувајте го во фрижидер.
Фото: Pixabey