Брзи колаченца по рецептот на Џејми Оливер

Ако немате идеја како да ги задоволите вашите најблиски, особено, најмалите, ви предлагаме брзи колаченца-кекси или како и да се нарекуваат, со бело чоколадо и брусница. Едноставен рецепт, загарантирано задоволство и среќни деца

0
380

Состојки:

100 г путер
85 г шеќер во прав
екстракт од ванила, по избор
100 г обично брашно
30 г пченкарно брашно
4 лажици мелен овес
50 г бело чоколадо, скршено на крупни парченца
50 г брусница

Приготвување:

Изматете ги путерот (на собна температура) и шеќерот во прав додека не се соединат добро.
Измешајте ги овесното, пченкарното и обичното брашно, а потоа додадете ги на претходно изматениот путер. Додадете ги парченцата чоколадо и брусниците, убаво замесете, направете топка, завиткајте ја во фолија и оставете ја да отстои во фрижидер најмалку 1 час.

Откако ќе го „одморите тестото“, расукајте го на дебелина од 1 см. Вадете тркалца со помош на чаша со посакувани димензии. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ги 12 до 15 минути додека тестото не добие светло златна боја.
По печењето, оставете ги колачињата да се изладат за да не се ронат кога ќе ги јадете.

Фото: Freepik