Брзински ручек

Карфиолот се јаде и сиров па не е баш јасно зошто многумина прво го варат, па го печат... Директно во рерна, колку да омекне ако веќе не ви се јаде сиров, со прелив ако не го сакате вкусот, и толку!

0
615

Состојки:

1 карфиол

3 јајца

1 павлака

кашкавал

сол, црн пипер, маслиново масло

Приготвување:

Разделете го карфиолот на цветови и попрскајте го со маслиново масло и сол и ставете го во тепсија во загреана рерна.

По десетина минути промешајте го карфиолот и кога малку ќе омекне прелијте го со мешавината од јајца и павлака, одозгора ставете кашкавал и вратете го во рерна уште на десетина минути.