Состојки:
150 г кекси
За белиот фил:
2 јајца
50 г шеќер
1 ванилин шеќер
500 мл млеко
50 г густин
1 павлака
За темниот фил:
5 лажици шеќер
5 лажици какао
150 мл млеко
100 г путер
50 г мелени ореви
бадеми за украсување
Приготвување:
Наредете ги кексите во калапот за колач, каде што треба скршете ги кексите и пополнете ги празнините.
За белиот фил, изматете ги јајцата со шеќерот и додадете го млекото постепено матејќи на тивок оган. Потоа додавајте пополека од густинот и мешајте ја смесата додека не се згусне. Тргнете го тенџерето од оган и додадете ја павлаката.
Истурете го филот врз кексите.
Црниот фил се прави такашто ќе ги измешате убаво на тивок оган какаото, шеќерот и млекото. Тргнете го филот од оган и додадете ги путерот и мелените ореви.
Прелијте го црниот фил врз белиот и убаво измазнете го.
Украсете ја тортата со листови од бадеми и ставете ја во фрижидер за да се зацврсне.