Ако не сте засадиле, позајмете едно коренче од некој што засадил

Лесен е за одгледување, многу вкусен и многу здрав. Босилекот помага за одржување на кардиоваскуларното здравје, намалување на холестеролот и триглицеридите и ги намалува воспаленијата во организмот.

0
789

Босилекот е составен дел од медитеранската кујна и исклучително здрав зачин што можете да го додадете во својата чинија или дури и да направите нешто само со него, како на пример, песто. Освен во Медитеранот, многу се користи и во кујните на Далечниот исток.

Лесно се одгледува, затоа препорачуваме да купите барем една садница и да ја посадите во саксија на вашиот балкон, на прагот од прозорецот или во градината. Би било паметно да се засади веднаш до доматите затоа што овие две растенија се поддржуваат едно со друго додека растат, а и добро одат заедно на чинија.
Само сетете се на салатата од моцарела, босилек и домат или на пицата Маргарита, наводно првата била направена во Неапол, во чест на доаѓањето на кралицата Маргарита, и на која е ова трио – домат, моцарела и босилек.

Да се ​​вратиме на босилекот. Ова растение е богато со хранливи материи како што се калциум, калиум и антиоксиданси. Антиоксидансите му помагаат на организмот да ги неутрализира штетните ефекти од оксидативниот стрес врз клетките и ги уништува слободните радикали. Босилекот содржи антиоксиданти бета-каротин и антоцијанин.

Студијата спроведена во 2013. година покажала дека фитохемикалиите од босилекот можат да помогнат во спречување на некои видови малигни тумори, како што се рак на кожата, црниот дроб, белите дробови и устата, пишува порталот Medical News Today.

Босилекот помага за одржување на кардиоваскуларното здравје, намалување на холестеролот и триглицеридите и ги намалува воспаленијата во организмот.

Освен тоа, ова растение чие име basilicum потекнува од грчкиот збор за владетел или крал – basileus, кој зборува за неговата важност низ историјата, или за неговото влијание врз здравјето, е одличен во борбата против E. coli, бактерии од кои е тешко да се ослободите. Исто така го подобрува варењето и го забрзува метаболизмот.

Доволно причини да го вклучите во вашата кујна, нели?