Во последниве години, гоџи бобинките брзо ги освојуваа европските и американските пазари. Тие доаѓаат од Хималаите, каде што се јаделе со векови, но исто така се користеле во медицината поради одличните својства. Во Азија ги нарекуваат „црвени дијаманти“, а се продаваат и во нашите продавници.
Основни карактеристики на гоџи бобинките
Зајакнување на имунолошкиот систем
Подобрување на видот
Подобрување на циркулацијата, релаксирање на крвните садови и намалување на високиот крвен притисок
Ги штитат црниот дроб и бубрезите
Позитивно влијаат на тенот, уринарниот систем и производството на сперма
Ублажување на болката во грбот
Го регулираат шеќерот во крвта
Гоџи бобинките имаат портокалово-црвена боја, долги се од 1 до 2 цм, со долгнавеста форма. Во секоја бобинка има од 10 до 60 семки. Поради нивните исклучителни нутритивни и антиоксидантни својства, тие се користат во традиционалната кинеска медицина уште од памтивек.
Гоџи бобинките содржат 18 аминокиселини, од кои 8 се неопходни за живот, 6 есенцијални витамини, 21 минерал, 8 полисахариди и 6 моносахариди, 5 незаситени масни киселини како што се линолеична и алфа-линоленска киселина, кои се неопходни за правилно функционирање на мозокот и нервниот систем и други важни соединенија.
Тие се добар извор на витамин Ц и железо. Се нарекуваат дури и „среќни бобинки“ затоа што велат дека човекот се чувствува добро кога редовно ги консумира, тие ја подобруваат енергијата и издржливоста на организмот.
Гоџи бобинките не се лек, но се едни од најквалитетните додатоци на природна храна во корист на целиот организам.
Како можете да ги јадете?
Кај нас се најчесто достапни сувите бобинки. Користете суви гоџи бобинки како суво грозје – ставете ги во солени и слатки јадења. Со нив испечете штрудли и други колачи, додадете ги во овесната каша или подгответе домашна гранола, а исто така можете да ги додадете и во салата. Ако сакате да ги омекнете, ставете ги во топла вода неколку минути. Некои тврдат дека во оваа состојба имаат вкус на шери домати. На крајот на краиштата, можете да ги јадете и одделно, како мала слатка закуска.
Фото: Pixabay