Банана куглоф

Кога ќе направите куглоф во ниедно време навечер само за да можете наутро да уживате и додека го пиете првото утринско кафе да уживате во вкусот на мек и ароматичен куглоф со банани, кокос и јаткасти плодови

0
667

Состојки:

3 зрели банани

2 јајца

100 г омекнат путер (со дел од количината премакајте го калапот за куглоф и поросете со брашно)

2 шолји брашно

1/4 шолја кафеав шеќер (може и без шеќер бидејќи бананите се доволно благи)

1 кесичка ванилин шеќер

Сок од ½ лимон

1 лажица рум

1 лажичка сода бикарбона

Јаткасто овошје по желба (ние ставивме крупно исечкани ореви и лешници)

Кокос по желба (околу 50 г)

100 мл јогурт

Малку суво грозје по желба

Приготвување:

Згмечете ги бананите со вилушка, па додадете го омекнатиот путер и мешајќи со миксер додавајте ги јајцата.

Додавајте ги останатите состојки со тоа што кокосот се додава со брашното, а оревите и лешниците на крајот се ешаат со лажица во смесата.

Ставете ја смесата во подмачканиот куглоф и печете во загреана рерна на 170 степени околу 30-40 минути, во зависност од рерната.