Постојат многу вештачи напитоци за слабеење на денешниот пазар за здрава храна, а повеќето од овие додатоци воопшто не се ефикасни и се штетни за здравјето. Поради ова, многумина се вртат кон природните домашни препарати како што е и ова смуди со банана.
Состојки:
2 лажици мелено ленено семе
околу 85 грама замрзнати боровинки
1 замрзната позрела банана
1 лажица рендан ѓумбир
115 грама бејби спанаќ
мраз
Приготвување:
Изблендирајте ги сите состојки додека не ја добиете посакуваната структура. Пијте го за појадок или како меѓуоброк.
Нутриционистички вредности
Бананата е полна со калиум, растителни влакна, природни шеќери и антиоксиданси, што помага за енергизирање на организмот и придонесува за рамнотежа на шеќерот во крвта. Исто така, помага при варењето на храната, овозможувајќи му на организмот ефикасно да ги апсорбира сите хранливи материи од храната.
Ѓумбирот, од друга страна, помага да се намали апетитот и да се забрза метаболизмот.
Фото: Pexels